Три години од гаснењето на А1

Видео клип на Игор Шокаровски, некогашен режисер во А1, посветен на стотиците луѓе кои учествувале во програмата на оваа телевизија, која, благодарејќи првенствено на Дарко Перушевски, своевремено имаше најинвентивна програмска шема од која, како наследство, за жал, денес ни останаа само турските серии.

За тоа каде пукнала тиквата, од едно сведоштво на Бранко Героски кој беше упатен во случувањата во телевизијата и нејзините релации со политичките центри на моќ: 

Одлуката на Рамковски да се раздели со Груевски нема врска ниту со Алфа, ниту со Штерјо Најков, ниту со СДСМ. Велија му се налути на Груевски поради начинот на кој се трошат субвенциите за замјоделците, а сум слушнал дека имало и некои недоразбирања околу некои деловни зделки, за нешта кои не ми се детално познати. Тиквата пукна поради тоа што Велија сметаше дека тој, како автор на програмата за земјоделски субвенции, полага право на контрола на распределбата на тие пари. Сум бил сведок на средба во кафеаната „Стара градска куќа", на која Велија Рамковски, сегашната пратеничка Ленче Николовска и двајца видни министри во владата на Груевски пред мене разговараа за тоа како да се делат субвенциите – Ленче водеше записник, со отворен тефтер, а немам поим зошто мене Велија ме викна, кога ништо од сето тоа не ме интересираше.

Не е тајна дека Рамковски бараше Груевски за министер за земјоделство да ја постави Николовска, но премиерот се определи за кадар на Ѕинго. Тогаш Велија ми рече дека на Груевски ќе му постави услов да избира меѓу него и Ѕинго. Го одвраќав од таа намера и му реков: „Ако постапиш така, ќе го избере Ѕинго". Мислам дека така и се случи.

повеќе

27 ноември 2013 - 12:21