Ружно ви е името, затоа не си го знаете (edited X2)

Визитката на битолската градоначалничка:
Визитката на битолската градоначалничка:

Општина Битола:

Ги замолуваме медиумите кои веќе ја објавиле визит картата да ја демантираат веста и да ја објават реакцијата на општината и сликата со реалната визит карта.

По објавувањето на демантот, со нормална доза лутење, му пишавме на читателот кој ни ја испрати фотографијата:

Веројатно виде дека имаше демант и ние го објавивме. Ај сега објасни ми што ти беше “финтата”.
Т.

Еве го неговиот одговор:

Трендо, визит картичката е лично од неа дадена на моја позната личност пред извесно време. Така што, таа може да демантира до наредната година и веројатно да прават очајничка брзопотезна промена в компјутер, колку да се "извадат" од калта... Обострана е, двете лица ѝ се на англиски јазик со истите грешки...
Дуки

И, тоа е тоа. Кој сака, слободно нека ѝ верува на општината. Ние сепак би повеќе да му веруваме на читателот. Главно затоа што во минатото неспоредливо пати повеќе сме се осеќале заебани од политичари отколку од читатели. И затоа што таа и нејзините служби не се први кои го грешат криминално натуреното име. А Заев не може да стигне секаде и да ги поправа.

А глупите кои едвај дочекаа да рипнат со драматики (Трендо шири лажни вести, Офф.нет го пробија дното и слични мелодрамски патетики), нека одат да шмирглаат шахти.

Името ви е го сменија со лажни вести (нема да го менуваме уставот и нема да биде ерга омнес) ама визитката на битолчанката сега ви е клучна дефиниција за „лажни вести“! Некој меѓу вашето „норт“ и нашето „маседонија“, подмолно додал „оф“. Уау!! 

Оти па без „оф“ ви е многу убаво па некој треба „да му црта мустаќи“ за да го нагрди.

Значи, да, ружно ви е името.
И лажно ви е.
Глупи едни.

Офф,
Трендо

 

19 август 2019 - 14:28