Кајшаров топи 5G снег

Не го заклучил пасторот тоа туку така, туку фино објаснува дека „слушав и истражував научници“. Без нестручно да навлегуваме во неговата методологија (во рака се топи, ама ај да го видиме на упаљач!), заклучокот е дека снегот е пластичен заради 5G.

Тино ги повикува следбениците да се префлат на 3G/2G, они у коментари му се заблагодаруваат и му пишуваат дека се префлиле.

А во опис на видеото дава и упатство како се прави тоа. Ама скроз нефер, само за андроид! Ние другите, шо, на Пластичарска да завршиме?

Овде барајте му упатства и за другите оперативни системи, божји човек е тоа, ќе даде.

5 април 2020 - 11:02