девојка на денот

Наталија Ивчева

Наталија Ивчева, прес конференција, ноември 2011:

"Вчера Пресудата изречена кон нашиот лидер г. Бошкоски беше навреда на македонскиот народ и судската професија, а пораз на Власта.

Преку злоупотреба на судските органи Извршната Власт покажа дека гази по живи луѓе само со единствена цел да се останете на власт, а во остварување на таа желба ги уништува сите што ќе им го попречат патот.

Режисерите, кои се добро познати, на ова сценарио не покажаа дека се многу големи и семоќни, туку дека ја искористија моменталната позиција да си го релизирате сценариото. И што?

Го ставивте г. Бошковски во затвор и мислите дека завршивте голема работа. Напротив покажавте и потврдивте дека овој случај е политички монтиран и дека се плашите од г.Љубе Бошкоски.

Љубе Бошкоски е Брат Љубе , а Вие - што сакате можете да правете, но неговите дела, чесност, невиност и неговата визија за Македонија за Вас е недостижна и мисловна именка.

Вчера судството под капа на Власта ја уби демократијата, згази по човек кој целиот македонски народ го бранеше 2001 година.

Но што и да правите, тој останува и секогаш ќе биде БРАТ ЉУБЕ за сите Македонци .

А вие, господа од Власта, сте и ќе бидете запаметени како гробари на македонската држава и народ.

ЕДНО ТРЕБА ДА ЗНААТ СИТЕ инволвирани во политички монтирани судски процеси дека:

Ќе одговараат за злоупотреба на власта, за политички рефаншизам, за уништување на политичари, политички субјекти, новинари, медиуми сите кои ви стојат на патот и Ви ги разоткриваат криминалите, преку употреба на сите државни механизми кои ги имаат на располагање и кои неправно ги употребиле против нив, а само со една единствена лична цел и остварување на болните амбиции и желба за вечно владеење.

Сите од прв до последен инволвирани во политички монтирани процеси кривично ќе одговораат, и тоа сите вршители на јавна функција во судската, извршната и законодавната власт, кои својата функција не ја извршувале професионално, туку ја злоупотребиле службената должност и извршувале наредби.

Обединети за Македонија од вчера после срамниот чин ПА СЕ ДО ПАЃАЊЕТО НА ОВОЈ ДИКТАТОРСКИ РЕЖИМ НЕ ГО ПРИЗНАВА СУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, и ги повикува членовите на Обединети за Македонија од денес на судска непослушност, затоа што ова партиско реформирано судство покажа дека е пандан на шпанската инвизиција, извршител на наредби, поклонувач на болни идеи, кои извршители за завршената задача очекуваат награда или повисока функција.

Г-ѓо Радица Василевска нема каде да бегате од одговорноста што ја носите, кога тогаш ќе одговарате за ова злодело.

Од формирањето на Обединети за Македонија и политичката активност на г. Љубе Бошковки, раководството на ДПМНЕ немаа мирен сон, од денес нема да имаат ни мирен Ден.

Отровните стрели на вашето владеење навистината многу ќе ве болат, а од товарот што го носите тешко ќе се одбраните.

И не заборавајте пресудата за Вас ќе ја донесе народот од таа пресуда поголема е пресудата од Господ која набргу ќе ја добиете.

На крај сакаме да потенцираме дека сценариото за уништување на Обединети за Македонија кое тековно пробувате да го остварите, НЕМА да ви успее,напротив Обедиенти за Македонија уште по сплотено , реорганизирано и моќно ќе остане на политичката сцена и ќе се бори за докажување на невиноста на својот лидер г. Љубе Бошкоски и движечка сила за што побрзо рушење на овој диктаторски режим".

20 јули 2012 - 19:22