Дури и Кустурица нè шупчи за „северномакедонско“

Случајно налетавме на ова, заслушувајќи го Кустурица на еден овогодинешен летен форум. А и тој тоа го спомнува онака попатно, како логична придавка од грдото име кое Заев и Димитров ни го начукаа. И како мисли сега оној напуван Димитров, да бараме наоколу меил од Кусто па да му објаснуваме за придавката и што за неа вика Преспанскиот? 

Наместо сите ние сега на цел свет да му пишуваме и да му објаснуваме кои сме и што сме, само затоа што неколку одроди ни го шитнаа името, би биле посреќни ако треба да им пишеме само на пар луѓе. А би им пишале убави работи. На пример, да не ги фаќа склет во нивното ново живеалиште. Пошто и доживотен затвор знае брзо да помине. 

16 август 2022 - 12:43