Што пееше Гркот убиен од фашист?

"Нема да плачам, нема шанси да се плашам!" Од песната на 34 годишниот Павлос Фисас (попознат како Killah P), грчкиот музичар кој беше убиен од член на парламентарната фашистичка партија Златна Зора. Колку е таму забегано, говори соопштението на партијата во која се оградува од одговорност за убиството но истовремено, како своевидно објаснување на случајот, наведува дека убиениот "бил познат по своите антифашистички изјави".

Се претвори светот во голем затвор
Јас сум во потрага по начин да ги скршам оковите .
Имам едно место кое ме чека таму,
на еден многу висок врв да пристигнам.
Затоа повторно ги спружувам моите моите две раце во висина,
да украдам малку светлина од сјајните ѕвезди.
Не можам да издржам овде долу и скоро ме гуши

човечката беда , во толкава мера и тагата.
Не можам да издржам повејќе и сите овие не ми одговараат ,
Јас друга патека одбрав а не онаа која што ми ја зацртаа.
Таа беше непроодна, напорна и со многу стапици,
со бескорисни љубови и пријатели отровни змии.
Имаше чудовишта со чудни униформи
кои демнат секогаш тајно во сенките,
Не подзастанувај ако сакаш да следиш,
забите цврсто стегни ги и немој да просолзиш.
Јас ги одведов работите до самиот крај
и како што пишува во книгите на старите мудреци
кога ќе пристигне сонцето до последниот круг,
ќе распалат оган од висините, орлите.

За оние кои ме предадоа со ножеви во грб сакам да знаат дека
Нема да плачам.
И за старите љубови сакаам да знаат дека
Нема да плачам.
И оние кои се заканија со огнени окови сакаам да знаат дека
Нема да се плашам.
Да дојдат да ме пронајдат на врвот горе, ги чекам и
Нема да се плашам.

Тие ми кажаа да не сонувам соништа луди,
да не се осмелам да погледнам кон ѕвездите,
но јас никогаш не ги сватив сериозно,
го зедов светот цел во моите две раце.
Сега сакаат да ми изградат гнездо,
а над него има страв, грдост,
и очаен плач и тежок синџир ,
го носи проклетството на боговите и богохулењето.
Нема да плачам и нема да се плашам.
Нема да оставам да ги украдат моите сни
слободно, високо , многу високо летам
и сите љубоморат на моите горди и одврзани крилја.
И чекам, и другите браќа да дојдат
на овој врв кој сите нас не чека,
доволно само да не плачат и да не им е страв
во оваа паметна измама, произготвена.

За оние кои ме предадоа со ножеви во грб сакам да знаат дека
Нема да плачам.
И за старите љубови сакаам да знаат дека
Нема да плачам.
И оние кои се заканија со огнени окови сакаам да знаат дека
Нема да се плашам.
Да дојдат да ме пронајдат на врвот горе, ги чекам и
Нема да се плашам.

За оние кои ме предадоа со ножеви во грб сакам да знаат дека
Нема да плачам.
И за старите љубови сакаам да знаат дека
Нема да плачам.
И оние кои се заканија со огнени окови сакаам да знаат дека
Нема да се плашам.
Да дојдат да ме пронајдат на врвот горе, ги чекам и, и ....

препев: Ивона Трифунов 

19 септември 2013 - 13:13