Неговата светост, Кралот на Црна Гора

Пред 20-тина години, Црна Гора демократски пропушти шанса каква што не се дочекува ни во сто години: како кандидат на листа на граѓани да се појави човек кој ќе ја среди државата, човек кој може да го крунисаш за крал и мирно да накривиш капа. Да се потсетиме на неговото височество, Боро Мирановиќ.

Запознавање со ликот и телото на Боро, како и извадоци од неговата програма. За да го изгледате целото видео (јбг, 11 минути), намерно не ви кажуваме кога е најдобриот дел, кога Боро покажува како ќе ги среди тогашните санкции кон Црна Гора.

КАДЕ Е, ШТО ПРАВИ ДЕНЕС?

Иако првичниот сон на Боро беше срушен на избори, тој воопшто не потклекна со духот. Остарен, со неколку повреди за себе, се уште цели високо, овојпат кон Гинисов рекорд, во делот во кој тој е подобар од еден Брус Ли (видео со фијукање).

 

30 јануари 2013 - 13:33