Не сакав децата да ми растат во слепа и националистичка земја

Им дале транспарентни и морале да викаат: "Европо, подалеку рацете од Македонија, Македонија е Грчка..." Син ми немаше поим каде е и што е Македонија, беше премлад.

Moјот 6 годишен син еден ден се врати од училиште три часа подоцна, беше возбуден а образите му беа заруменети. Кога го прашав што правел, ми рече дека си поминале одлично: наставниците ги однеле до пристаништето (тогаш живеевме на грчкиот остров Хидра) каде што морале да демонстрираат. Им дале транспарентни и морале да викаат: "Европо, подалеку рацете од Македонија, Македонија е Грчка..."Син ми немаше поим каде е и што е Македонија, беше премлад.

Кога отидов во училиштето да се пожалам на ваквата индоктринација на невините деца - а можеле да го тераат син ми да вика и дека хомосексуалците треба да бидат убиени а на жените да им се забрани да работат - ми беше речено дека ако не ми се допаѓа грчкото образование, да си се вратам во Холандија.

Кога после Сребреница видов многу Грци кои го негираат она што таму се случи, тоа и го направив.

Го сторив тоа со болка во срцето, бидејќи, наспроти сè, Грција многу ја сакав и уште ја сакам.

Само не сакав моите деца да растат во земја која е толку слепа и толку националистичка.

-----------------------------------

Ова е извадок од интервју со Ингеборг Беугел, холандска новинарска и автор на неколку документарни филмови за злосторствата во БиХ. За еден сараевски портал, таа од прва рака говори за грчката пропагандна машинерија во служба на Милошевиќ, негирањето на злосторствата и геноцидот и грчкиот национализам во 90-тите години.

повеќе

11 јуни 2018 - 14:10