Македонец е првата жртва на српскиот шарлатан

Мирољуб Петровиќ (Под мач, бато) го памтевме како медиумски и јутјуб шарлатан, но тој во меѓувреме да ти станал „доктор“ и „експерт за природна медицина“ па почнал да „лечи“ и да препишува „терапии“.

Нормално, сето тоа „на природен начин, со здрава исхрана и молитви“ (какви преваранти знаат да се кријат зад тие волшебни зборови, чудо едно!).

На наш дечко (успешен менаџер на ланец хотели во Македонија) му бил дијагностициран тумор на мозокот. Сестра му признава дека била голем фан на Петровиќ и сè му верувала, па и кога ѝ рекол ништо да не им верува на докторите.

Соочување:

*******

Блиц пишува дека на ден земал по 120 евра а неговиот факултет кој нема акредитација, лажна диплома на доктор наплаќал 1.000 евра. Обвинителството отвора истрага против Петровиќ за надрилекарство.

 

25 јануари 2019 - 13:25