Халид Бешлиќ ќе биде приведен на информативен разговор

"Ко би реко чуда да се десе, па Миљацка мостове однесе," се познатите стихови од песната Миљацка која ја изведува Халид Бешлиќ а кои би можеле да го чинат приведување во полиција.

Слично како кај нас, во Босна деновиве истура. Повеќенеделните поројни дождови кои никако да престанат доведоа до огромно зголемување на нивото на реките. Една од нив е и сараевската Миљацка која е толку здивена што се заканува дека со себе ќе повлече некој од мостовите. 

Миљацка денеска изгледа вака:

Така доаѓаме до судбинските и пророчки зборови на легендата Халид Бешѓлиќ кои во некои посуви времиња навидум наивно пееше: "Ко би реко чуда да се десе, па Миљацка мостове однесе".

Заради провоцирање на поплавите, Бешлиќ би можел да биде приведен во полиција за да ја објасни својата улога во непогодата, пишува еден босански сатиричен портал. 

 

15 мај 2014 - 10:23