Борисов, и нас особено нè заболе

Оваа интелектуалната грамада деновиве ќе каже: „Особено ме заболе тоа дека Бугарија била ‘фашистичка држава‘ и не ги спасила македонските туку само бугарските Евреи. Тоа е подигрување со бугарскиот подвиг, со бугарскиот народ и со бугарската црква.“ А бидејќи не се нашол некој македонски новинар да го запердаши на лице место, да кажеме ние што имаме да кажеме.

Борисов, тоа дека Бугарија била фашистичка земја и дека ги депортирала македонските Евреи вика Меморијалниот музеј на холокаустот на САД. Значи, оди во Вашингтон па кажи им дека особено те заболело.

види тука

А можеш да отидеш и до Израл со истата болка бидејќи истото тоа го вика и израелскиот музеј Јад Вашем:

види тука

Ако искаш, ти можеш и на BBC да им се лутиш:

види тука

А можеш да ѝ се пожалиш на Шоах фондацијата на Стивен Спилберг која има снимено 47 преживеани од Холокаустот во Македонија:

еве насоки

Нета Коен, да речеме, е една од тие 47 лица

А оној Ковачев која мисли да ни кажува кои филмови и кога да ги гледаме ние во Македонија:

Нека отиде до Прага, главен град на држава членка на ЕУ и нека им се пожали што истиот филм го пуштија 4 дена после нас. Не на локален порно канал од Карлови Вари туку на чешката национална телевизија.

А убав е тој чешкиот јазик, ако и тоа не е некој дијалект на бугарскиот:

"Postupující světová válka ale do Makedonie přivádí bulharskou armádu a s ní i nacistickou ideologii a protižidovské zákony."

Дечки бе, не сме сите Заев и Димитров па да нè возите како што ќе ви текне.

8 мај 2020 - 13:19