Гледанка

„По животот“ (Нетфликс, 2019)
Букбокс гледаше

Доколку сте ја следеле еволуцијата на Рики Џервејс како комичар, во најмала рака ќе ви биде необично што во оваа мини-серија од шест епизоди тој се занимава со смртно сериозна тема. И што пораката која ја праќа е контрадикторна со неговиот генерален став - дека секој (а особено тој) треба да има право да се шали и на табу теми. Повеќе

„Медена земја“ (Honeyland, 2019)
Букбокс гледаше

Има занаетски квалитетно направени документарци, кои третираат интересна приказна или значаен проблем, но кои не го преминуваат прагот на информативното. Она што ја прави разликата меѓу еден таков, и еден исклучителен филм, е важната одлука која треба да ја донесат нивните автори: дали ќе го соберат сиот мед за себе, или ќе остават половина за луѓето чија приказна ја раскажуваат. Повеќе

„Матрјошка“ (Russian Doll, 2019)
Букбокс гледаше

На 1 февруари - ден пред Денот на мрмотот - на Нетфликс излезе серија која само на прв поглед изгледа како верзија на истоимениот филм. Да, главниот лик поминува низ истиот ден, одново и одново. Ама целата работа е малку покомплицирана. Повеќе

Вистинската приказна за жената која фалсификувала писма на познати писатели
„Ќе може ли некогаш да ми простиш?“

Писателка која лажира ракописи на други, многу пославни писатели. И која тешко дека би можеле да ја наречеме криминалец, особено откако ја видовме отелотворена од Мелиса МекКарти. Повеќе

„Го викав Морган“ (Нетфликс, 2018)
Букбокс гледаше

Ли Морган е веројатно еден од најзначајните џез трубачи во историјата, иако далеку од популарноста на еден Луис Армстронг или Мајлс Дејвис. Една од причините за ова е што умрел прерано. Поточно, бил убиен од неговата сопствена невенчана сопруга, на само 33 години. Повеќе

„Ве бара некој инспектор“ (Аn Inspector Calls, 2015)
Букбокс гледаше

Драма на англискиот писател Џ. Б. Присли од 1945, класика на британскиот театар на 20 век, која има доживеано бројни адаптации за сцена. Ова е нејзина одлична ТВ верзија. Повеќе

Букбокс гледаше: „Зелена книга“ (2018)

Eден од оние „фил гуд“ филмови кој спојува ликови за кои во реалниот живот никогаш не би се обложиле дека би можеле да завршат во иста приказна. А тие се токму такви, базирани на вистински и необични луѓе, кои прават, барем за време на празнициве, да се чувствуваме дека има надеж за разбирачка и пријателство помеѓу различните. Повеќе

„Црно огледало: Бандерснеч“ (2018)
Букбокс гледаше

Серијата, која ја прогласивме за едно од најдобрите нешта што ѝ се случиле на популарната култура во последнава деценија, со овој филм преоѓа во долгометражни проекти. Но премиерата на првиот, кој на Нетфликс се емитуваше вчера, 28.12, не ветува. Повеќе

„Баладата за Бастер Скрагс“ (2018)
Букбокс гледаше

Одамна немаме гледано толку концептуално издржан, а истовремено презабавен филм. И ова не е само затоа што во него глуми Том Вејтс. Повеќе

„Сопругата“ (Тhe Wife, 2018)
Букбокс гледаше

„Зад секој успешен маж стои жена“ можеби звучи како излитена и стереотипна изрека. Но во овој филм таа е доведена до екстрем. Повеќе