Трамп бара 10 милијарди отштета од Мардок за „клеветите“ за Епстин
19 July 2025
- Доналд Трамп ги тужи за клевета својот долгогодишен пријател Руперт Мардок и неговиот весник Волстрит џурнал поради текст во кој се тврди дека Трамп му испратил писмо со нацртана гола женска на педофилот Џефри Епстин.
- Трамп бара рекордно висока отштета од 10 милијарди долари од Мардок и двајцата автори на сторијата - новинарите Хадиџа Сафдар и Џо Палацоло.
- WSJ пишува дека за 50-от роденден на Епстин во 2003 година Трамп му испратил честитка, која своерачно ја украсил со „сексуално сугестивен цртеж на гола женска“. Честитката во албумот ја чувала Гислејн Максвел, сопругата на Максвел која му помагала за да го одржува синџирот на нудење сексуални услуги на малолетнички на истакнати клиенти. Максвел отслужува казна од 20 години затвор, а Епстин се „самоуби“ во мистериозни околности во ќелија.
- Трамп тврди дека наводната честитка е лажна. Тој го предупредил Мардок, сопственик на новинската империја во која е и WSJ, да не го објавува.
- Тајкунот Мардок му е долгогодишен пријател на Трамп и пред само една недела беше покрај него во гостинската ложа на финалето на светското клупско првенство во фудбал. Сопственик е на Фокс њуз, омилениот телевизиски канал на Трамп.