Bookbox

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Сонот на секој твитерџија: направи си своја социјална мрежа и бирај си како ќе ти коментираат

Се вика SocialAI и го овозможува точно тоа - социјализирање со корисници на социјална мрежа слична на Х (Твитер), кои генерираат коментари, совети и дополнувања на секој пост што ќе го направите. Што е финтата? „Корисниците“ се вештачка интелигенција. 

Необичните триаголни писма испраќани во Втората светска војна

Денес самиот чин на рачно пишување писма делува необично, а уште повеќе нивното превиткување во форма на триаголник, со што самите се претворале во коверт. Токму на овој начин се допишувале руските војници за време на Втората светска војна со семејствата дома. 

Koга Јапонците прв пат виделе бел човек мислеле дека е страшило

Денес во Јапонија можат да се купат „пан“, „табако“ и „темпура“. Овие производи - леб, цигари и поховани морски плодови или зеленчук се вообичаени за оваа земја. Но коренот на зборовите им е португалски - земја од која дошле првите патници во Земјата на изгрејсонцето.

Дали може да наследиш спомени од предците?

Вообичаено се зборува за „наследена траума“ во контекст на личните или колективните мемории, на поединци, семејствa или на целата заедница. Но епигентиката, проучувањето на генетските модификации кои влијаат врз активноста на организмот без да ја променат неговата ДНК, сугерира дека како што може да се наследат стравови, така тоа може да се направи и со довербата и сочувството. 

Винилите од новиот албум на Колдплеј ќе бидат направени од стари пластични шишиња

Британците Колдплеј најавија дека својот десетти албум ќе го издадат на еколошки најодржливиот винил досега. Бендот вели дека јаглеродните емисии за негова изработка во овој случај ќе бидат намалени за 85%, благодарејќи на нов метод. 

„Кригшпил“: германската друштвена игра што го смени начинот на кој се водат војни

Користејќи го симулаторот за биење битки, „Кригшпил“, Хитлер ја презел Франција, Сталин го избркал Хитлер, а Реган го спасил светот од нуклеарна катастрофа. Со други зборови, игра не е зафрканција.

Полека се издигнавме: Букбокс репортажа од изложбата посветена на 100-годишнината од раѓањето на Рој Лихтенштајн 

Албертина во срцето на Виена е најголемиот музеј за модерна уметност во централна Европа, дом на една од најбогатите графички збирки на светот, со над 65.000 цртежи и околу 1 милион графики од старите мајстори. Но од 8 март до 14 јули оваа година најголемиот интерес е за изложба посветена на еден од пионерите на поп-артот.

Ајде да летаме: кога Римјаните пушеле семиња од буника

Буниката е токсично растение со потекло од Евроазија, а денес распространето низ целиот свет. Во минатото се користела заедно со мандрагората, лудото билје и татулата како анестетик, но и во „волшебни напитоци“. Дејството е халуцинирање и чувство на летање, а ова го знаеле и древните Римјани. Не се буниме.

Букбокс репортажа од Виена: „Другарот Сонце“ - изложба за врската помеѓу сончевото зрачење и револуциите на Земјата

„Геносин Зоне“ во изложбениот простор на Кунстхале во Виена е спој на научни дискурси и нивно уметничко толкување. Темата е генерално многу интересна, но особено за земји кои имаат силна симболична поврзаност со сонцето, како нашата. 

Горењето стрипови од 1940-тите

Во периодот на кулминација на анти-стриповската хистерија, младински групи, цркви и училишта во САД организирале цели клади од стрипови, меѓу кои имало и такви кои кои ама по ништо не требало да бидат спорни. Пожарите згаснале со подемот на телевизијата, кога стриповите веќе не биле опасни.

Брехт правел и фото-колажи за кои до сега не се знаеше

Во текот на својот живот големиот германски драматург креирал откачени монтажи кои прикажувале како според него нацизмот ја инфицира земјата од којашто морал да избега. Зошто беше потребно толку време за да се дознае за нив?

Изведувала акробации во воздух летајќи со балон и го измислила модерниот падобран

Нејзиното име денес е само фуснота во аеронаутичката историја. Но живот ѝ бил како од филм - сиромашна шивачка која почнала да му асистира на познат изумител на летачки балони за потоа и самата да стане сензација, а за време на Првата светска војна и национален херој. 

„Декаденција“ не е кутија скапи чоколади, туку протест против бесмислата

Терминот би требало да асоцира на времиња кога да се биде декадентен значело да се биде контра мејнстрим идеологијата, на силен интелектуален бунт и „неморалност“ која ги скандализирала пуританците. Но денес „декадентен“ се користи во реклами во контекст на луксуз и хедонизам, како Оскар Вајлд да бил суден што зел пакет масажи.

Бубрези, ребра, пениси: „вишокот“ делови од телото кои понекогаш ги создава природата

Благодарејќи на милиони години еволуција, човечкото тело се испраксирало во однос на своите развојни процеси. Поголемиот дел од времето тоа ни дава коректен број органи и структури кои ни се потребни за да функционираме. Ама, тоа не значи дека не можат да се случат и курцшлуси.

Како што има морска болест, така има и копнена болест

Оние со почувствителен сензорно-невролошки систем имаат проблем дури и со краток престој на какво и да е пловило. Но има и друг феномен - откако си се прилагодил со помал или поголем напор на морето, вратен на копно ти се лоши.

ОМГ! - Првата порака со оваа кратенка ја добил Винстон Черчил

Името на Черчил се спомнува како директен или индиректен учесник во еден куп историски настани. Еве уште еден, кој можеби не е толку значаен како спротивставувањето на Третиот рајх или добивањето Нобел, но сепак се важи.

Како знаеме кога ни се моча?

Прашањето делува банално, но овој основен поттик е изненадувачки сложен и обично губи на интензитет и навременост како што старееме. До сега истражувачите се фокусираа на бешиката, но време е тие да се свртат кон мозокот, големиот команден центар на повеќе органи па и на овој.

Букбокс гледаше: „Ерик“ (мини-серија, 2024)

На моменти хаотична и повторлива, веројатно посоодветна за филм, оваа приказна зборува за внатрешните демони на еден човек, кој лесно може да се вклопи во стереотипот на „намачениот гениј“, но и на длабоките сомнежи и стравови на секој од нас.

Сте слушнале за Република Кугелмугел?

„Округло брдо“, како што гласи буквалниот превод на името на оваа градба, е констриуирано од двајца уметници во 1971. Прогласена е за суверена територија кога локалните власти во населбата кадешто е изградена донеле закон дека вакви типови сферични објекти не се дозволени.

Бомбино - султанот на сахарскиот блуз во Скопје

Го завикале Бомбино, по асоцијација на италијанското „бамбино“ или дете, поради неговата ситна става и пргавост. Но музичарoт од Нигер - прв номиниран за Греми од оваа земја - кој вечерва ќе го отвори Офф Фест, е голем борец за мир со својата гитара. 

Кастинг од соништата: Џони Деп - Сатана, Џеф Бриџис - Бог

Пајтоновецот Тери Гилијам ќе снима нов филм, „Карневал на последните денови“, во кој Џони Деп во улога на ѓавол ќе се обиде не да го уништи, туку да го спаси човештвото. Засега жанровски тој се води како „библиска комедија“. 

Симфонија во 5-џи: композиторот што напиша дело за 1000 телефони

Мобилните се омразени на концерти на класична музика. Но Хуанг Руо сака слушателите на неговото дело да почнат да ги употребуваат уште при пристапот кон салата и да не престанат и кога ќе влезат во неа.

Кога Џојс на пијано се закачал, па Хемингвеј требало да се тепа за него

Хемингвеј, со својот крупен стас и чурук табиет, знаел да се кара, па дури и да влегува во физички пресмети со поголем број истакнати уметници од негово време, меѓу кои Валас Стивенс и Ф. Скот Фицџералд. За некои од тие кафански конфликти бил заслужен негов славен колега, кој откако ќе се скачкал и ќе направел беља се криел зад Ернест и му викал: „Држ го, држ го, Хемингвеј!“.

Римските статуи што „зборуваат“ против власта

Што се правело ако си сакал да споделиш незадоволство, ангажирано или „експертско“ мислење, а немало социјални мрежи и медиуми? Креативните Римјани смислиле начин - со закачување пораки на помалку познати статуи во нивниот град, со сатирична и протестна содржина. 

ММЕ кој ја извади коката од Кока-колата

Познат факт е дека популарниот пијалок некогаш содржел кокаин. Но како дошло до тоа и, уште поважно, зошто некој го сменил рецептот? Одговорот има врска со расата и класата на кои им припаѓале потрошувачите на Кока-колата.

Разликата меѓу хамбург-ер и хам-бургер

Во лингвистиката постои една појава која на англиски се нарекува „рибракетинг“ а кај нас ресегментација. Се однесува на начинот на кој се делат морфемите, односно деловите од зборот. Притоа делбата може да биде различна, но и секоја од нив да има смисла. Една од од најдобрите илустрации за оваа појава е - хамбургерот.