Bookbox

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Сонот на секој твитерџија: направи си своја социјална мрежа и бирај си како ќе ти коментираат

Се вика SocialAI и го овозможува точно тоа - социјализирање со корисници на социјална мрежа слична на Х (Твитер), кои генерираат коментари, совети и дополнувања на секој пост што ќе го направите. Што е финтата? „Корисниците“ се вештачка интелигенција. 

Необичните триаголни писма испраќани во Втората светска војна

Денес самиот чин на рачно пишување писма делува необично, а уште повеќе нивното превиткување во форма на триаголник, со што самите се претворале во коверт. Токму на овој начин се допишувале руските војници за време на Втората светска војна со семејствата дома. 

19 јули 2024 - денот кога пингвинчето на Линукс има причина да се смешка

Денот кога половина свет е во дефект поради технички пропусти во надградувањето на Виндоус, и кој веројатно ќе биде прогласен за најголем компјутерски испад во историјата, се доживува како победа на оние кои цело време заговараат отворени и бесплатни oперативни системи. Мемињата што го преплавија интернет го содржат препознатливото знакче на Линукс наспроти синиот „екран на смртта“ на Мајкрософт. 

Гозе ута - јапонската традиција на слепи пејачки која се одржува во живот

Традицијата потекнува од почетокот на 17-тиот век, а нејзиното одржување, меѓу другото, им помагало на слепите жените да заработуваат. Додуша, нивниот живот не бил лесен и подразбирал и одредени правила, меѓу кои и она за целибат.

Зошто е тешко да послушаш совет?

Во древниот индиски еп Махабхарата се опишува конфликт помеѓу две групи кралски наследници. Богот Кришна ги предупредува дека планираната војна ќе води до целосно уништување на обете страни и се обидува да воспостави мир. Лидерот на едната фракција не го послушува, војната започнува со 4 милиони војници. По 18 денови само 11-мина од нив преживуваат. 

Дали би живееле во куќа направена од буковки?

Прво што визуелизираме кога помислуваме на куќа од печурки е онаква од огромни бело-црвени габи со точкички, како во приказните. „Циглите“ добиени од фунги во Намибија не изгледаат така, но можат, како во приказна, да ја решат градежната криза не само во оваа земја, туку и пошироко. 

Јапонскиот Рудолф Валентино - еден од првите секс-симболи на филмската индустрија

Сесуе Хајакава бил номиниран за Оскар за својата улога на лошиот поручник Саито во „Мостот на реката Квај“ од 1957. Ова било кулминација на повеќедецениска холивудска (и европска) кариера во кој човекот кој е сметан за еден од првите филмски секс симболи, но сакал да биде и нешто повеќе отколку егзотичен „зликовец“.

„Хилбили елегија“ или филмот направен по книга на кандидатот за републикански потпретседател на САД

За тазе најавениот „ранинг мејт“ на Трамп во претседателската трка, Џејмс Дејвид Венс, биографските податоци велат дека е политичар, прв маринец-ветеран кој би се нашол на ваква висока позиција и сенатор од Охајо. Но неговата номинација имаше уште една логична последица - актуелизирањето на неговиот мемоар-бестселер од 2016, по кој е направен и филм.

Стекот го сакате попечен или неонско син? - експериментот со храна во необични бои кој никогаш не се случил

Опседнатоста со новитетите во прехранбената индустрија во 1960-тите довел до создавање на мит за постоење на студија во која се проценувале реакции на испитаници на необично обоена храна. Иако не постои релевантен извор за неа, таа со децении е цитирана во академски трудови, но и во медиумите и во уметнички дела. 

Букбокс гледаше на Синедејс: „Сонувачки“ (2024)

Ова е документарец за сонувачки кои, наспроти нормите на своето време, успеале да си го остварат својот сон и во вистински момент да се разбудат, заземајќи си го местото во историјата. Во таа официјална историја често има „дупки“, кои ги пополнуваат ентузијастични неформални архивисти и раскажувачи, како авторите на овој филм. 

Нов „генеративен“ документарец за Брајан Ино кој никогаш не е истиот филм

Ино секогаш бил вклучен во визионерски проекти, па така и сега. Биографскиот филм посветен на половина век негово музицирање и продукциска работа е нешто невидено до сега - собраниот материјал со посебен софтвер дава 52 трилиони различни наративи кои произлегуваат од можните пермутации. 

Пол Мекартни вежба јога за очи, зошто не и вие?

Идејата е едноставна - окото се состои од шест различни мускули на кои, како и на секој мускул, им треба „разгибавање“. Оваа логика ја знаеле уште древните јогини, а на неа нè потсетува никој друг туку стариот добар битлс.

Данок на цитати од комичната серија „Сплетки“

Вработени во музеј во Британија познат по своите фасцинантни лустери, се умориле од слушање референци од конкретна епизода на Only Fools and Horses. Сега, секој што ќе им ја спомне треба да плати данок што ќе оди во купот средства за конзервација.

Кул: како климатизерот променил сè

Работење во канцеларија во тек на топлотен бран во јули. Купување чоколадо што не е направено „чорба“ во август. Според автор на книга посветена на историјата на климатизерот, сите овие нешта не би биле возможни без овој изум.

Анти-салмонела: омилениот хамбургер на Ернест Хемингвеј

Жешко е, купувањето сендвичи по штандови за брза храна е ризично, па зошто да не си се држите до испробани рецепти? Како овој на Нобеловецот не само за литература, туку и за уживања.

Зошто толку многу бајки почнуваат со „Си беше еднаш...“?

Во бајките има елементи кои постојано се повторуваат - од принцези и зли вештерки, до змејови и џуџиња. Но највообичаена заедничка карактеристика е формулата за почеток на раскажување, која има долга историја и практична функција. 

„Ноќните птици“ да ти биле поинтелигентни од оние што стануваат рано

Нешто не ни штима во наодиве, бидејќи во последно време легнуваме со кокошките. Ама па наука си е наука. 

Koму да му се донира бубрег - најнеетичното реално шоу на светот?

На крајот од насловот има прашалник, бидејќи она што на прв поглед изгледа бизарно, имало повисока цел - да внесе едно значајно прашање за донирањето органи на политичката агенда на земја каде тоа не било доволно промовирано како опција за спасување животи.

Шест пати кога Олимписките игри биле одложени или откажани

Летните Олимписки игри се најголемиот спортски настан во светот, на кој вообичаено се натпреваруваат повеќе од 10.000 спортисти од десетици земји. Но имало и случаи кога вообичаениот распоред на одржување, на секои четири години, бил нарушен.

Заборавениот свештеник кој ги предвидел црните јами - во 1783

Речиси 200 години пред научниците да прифатат дека постојат црни јами (некои ги викаат и „дупки“), британски свештеник по име Џон Mичел објавил изненадувачки визионерски идеи за овие необични космички објекти. Зошто неговото дело не е доволно познато?

„Поротата на медицинарките“ која одредувала дали жените осудени на смрт биле бремени 

Повеќе од седум века, жените во Англија можеле да одбегнат смртна казна доколку се повикаат на „правото на стомакот“ - на тоа дека се бремени. Како судот одредувал дека ова е вистина? Со ангажирање на целосно женски пороти, составени од медицински лица. 

Постхумен скандал со Нобеловката Алис Манро

На 14 мај, на своја 92-годишна возраст, почина писателката и добитничка на Нобелова за книжевност. Беше наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“. Но откако нејзината ќерка неодамна објави текст во кој го открива семејните тајни, ликот на славната авторка за многумина веќе никогаш нема да биде ист.

Кога американската влада буквално изгорела 200 милиони долари

Не ретко низ историјата се случувало за нештото да не падне во непријателски раце тоа да биде уништено, колку и да е скапоцено. На пример толку скапоцено, колку 200 милиони долари во кеш.

Годишен одмор од соништата: на море, како сопственик на книжарница

Нема да морате да се откажете од пливање и сончање. Гратче на шкотско крајбрежје нуди и тоа, но и живеење во книжарница дур ја водите. За некои ова е исполнување на животен сон. 

Нов летен хит: симулатор на косење трева

Постои мислење дека видео игрите се бегство од реалноста - инаку зошто некој би се преправал дека е маринец (Call of Duty), херојски еко-воин кој спречува зла компанија да ја користи духовната енергија на Земјата (Final Fantasy) или фудбалски менаџер (Football Manager). E, ама има и игри кои се тотална спротивност на ова, и се водат во нишата (да, стварно постои) - антиескапизам.

„Големиот бран кај Канагава“ се најде на јапонски банкноти

Во моментов јенот е паднат на најниската вредност во последниве децении. 1000 јени се околу 350 денари и се најчесто користените банкноти во економија која се уште главно се базира на готовина. Со оглед на големиот наплив на туристи во Јапонија поради поволните цени, властите решија да го искористат тоа за промовирање на своето културно наследство токму низ овие банкноти.