Bookbox

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Музеј што нуди тетоважи инспирирани од Рембрант

Проектот „Рембрант за сиромашни“ во текот на неколку дена во јуни ќе им овозможи на посетителите да си направат постојана тетоважа по углед на делата на уметникот од 17 век. Цената е од 100-250 евра, а ќе ги прават четворица познати тату-мајстори од Холандија. 

Букбокс гледаше: „Виновниот“ (2018 и 2021)

Две верзии на една многу интересна приказна снимена на крајно камерен начин, со практично само еден лик во кадарот, можат да послужат како нагледен пример за анализа на разликите помеѓу европската и американската кинематографија. 

Која била ќерката на Клеопатра?

Документарниот филм „Кралицата Клеопатра“ во четири епизоди, актуелен на Нетфликс, има „шокантно“ низок рејтинг и кај публиката и кај критичарите. Контроверзите се должат на тоа што за главната улога во симулациите на владеењето на египетската кралица е одбрана црна глумица, нешто за што реагираат дури и официјалните власти во оваа земја. Но како и секогаш, оваа бура актуелизираше споредни теми - на пример тоа дека Клеопатра имала малку позната ќерка-владетелка.

Врската помеѓу историјата на бакнежот и болестите што се пренесуваат преку него

Врската меѓу бакнувањето и историското датирање на болести

Древните текстови покажуваат дека романтичното допирање со усните, како и болестите кои притоа се пренесувале, било широко распространети во Месопотамија. Ова е ново откритие, кое го датира првото запишано бакнување илјада години порано отколку што тоа се правеше до сега. Сепак, ова не значи дека и претходно луѓето не се „шматале“, по ризик на своето здравје, за што додуша веројатно не биле свесни. 

Библиотека со над 12.000 примероци мастило на американските тајни служби

Иако сме длабоко завлезени во дигитално доба, се уште ги замислуваме писмата со уцени или други закани составени од единечни букви исечени од весници, секоја со различна големина и фонт. Ваквиот метод не се развил случајно, туку за да ги збуни експертите за ракопис во тајните служби. Истите тие развиле и систем за пронаоѓање на оние кои заканите ги пишуваат рачно или пак печатат пари на домашни принтери.

Постои ли во Србија култ кон оружјето?

Причините за трупањето оружје не ги бараме во поединечните склоности и психолошките мотиви, туку во колективните односно политичките перспективи. Патријархалната култура, неодговорната власт, фалсификувањето на историјата, несоодветниот образовен систем, колективната фрустрација од загубените војни, и отсуството на соочување со таа непријатна околност, инструментализацијата на траумата, сите тие се политички мотиви кои придонесуваат кон фантазмот за моќта на поседувањето оружје. Тоа, а не некаков култ.

Најочекуваните филмови на Канскиот филмски фестивал 2023

76-тото издание на фестивалот се отвори на 16 мај, со филмот „Жан де Бари“ со Џони Деп во главната улога, а ќе се затвори со цртаниот „Елементал“ на Пиксар. Претседател на жирото е Швеѓанецот Рубен Остлунд. Наградените ќе ги знаеме пред затворањето на 27 мај, но уште од сега има филмови за кои најмногу се зборува, главно поради нивните режисери.

Археолозите пронајдоа древна друштвена игра на Маите

Историјата на друштвените игри е стара илјадници години. „Сенет“, која се играла во Египет, датира од 3100-тата година пред нашата ера. Африканската „Манкала“ е од 1400-тата п.н.е. Шахот потекнува од Индија, а бил создаден пред повеќе од 1500 години. Сега е откриена нова игра на древните Маи.

„Не се дури“ - што кажуваме кога ништо не кажуваме?

Ако не сте го чуле зборот „дурење“ до сега вие сте среќни луѓе - веројатно ретко се муртите, не сте инаетливо лути, односно не се дружите со таквите. Но дурењето според психолозите треба да се земе сериозно, како пример на „интензивна комуникација без јасна порака“. 

Направете го тестот на асоцијации на Карл Јунг (ако ви стиска)

Што ви паѓа прво на памет кога ќе ви се каже „прозорец“? Колку и да изгледа банално, токму тоа, како и времето минато од прашањето до одговорот (тишината пред него) може да биде водич до потсвесните желби, стравови и трауми. 

Букбокс читанка: „Страв и треперење“ од Амели Нотомб или за судирот помеѓу западната и јапонската деловна култура

Воочи обновеното издание на Фестивалот на јадење книги (сабота, 20.05, од 12 во Цреша) на тема „Јапонија во моето срце“, посветено на книги од и за Јапонија, роман од крајно необичен лик во европската книжевност, баронесата Фабиен Клер Нотомб, попозната по нејзиното книжевно име Амели.

Преведувачот на иднината е хибриден човек-машина

Во не така далечното минато,  резултатите од двонасочните преводи на еден ист текст (на пример од англиски на кинески, па од кинески назад кон англиски) беа постирани како смешки од типот на „расипан телефон“. Но во изминатите пет години машинското преведување стана сè подобро. 

Хапакс легоменон или „ќе го кажам ова само еднаш“

Термин од лингвистиката кој се однесува на збор или израз кој се појавува само еднаш во одреден контекст, „хапакс легоменон“ е интересен затоа што има обратна логика од вообичаената кога е во прашање проучување на зачестеноста. Во случајов „само еднаш“ го вклучува алармот за интересност.

Букбокс друштвени игри: „Катан“ - игра за цел живот

Да познаеш разлика помеѓу некој што игра друштвени игри на ниво на „А, да, имаме дома Монопол“ и на таков што е подготвен да реновира дневна за да има место за редење токени, карти и фигури понекогаш е многу едноставна. Ако „овци, дрво, глина и камен“ му асоцираат не на географија од шесто, туку на „Катан“, тогаш најверојатно е поблиску до втората група, или барем на добар пат да тргне натаму. Затоа што голем број денешни играчи се навлекле на борд гејмс токму поради неа. Денешниот гостин е токму таков пример. 

Ал Пачино ќе игра во нов филм за Модиљани во режија на Џони Деп

Пачино ја прифатил улогата на колекционерот Морис Гањат во „Моди“, во филм чие сценарио е направено врз основа на драма на Денис Мекинтаер. Истата беше основа и за претходен филм за овој уметник од 2004, во кој главната улога ја толкуваше Енди Гарсија. 

Понекогаш скриените врски помеѓу филмските дела се во самата шпица

За да има ефект, неочекуваната паралела помеѓу следните филмски дела, би требало да ги имате гледано. Или можеби оваа анализа ќе ве поттикне да ги погледнете. Станува збор за трилерот „Игра“ на Дејвид Финчер од 1997 и актуелната серија на ХБО, „Следоред“ (Succession).

Кога Салвадор Дали пристигнал на Сорбона во Ролс-Ројс наполнет со карфиоли

Денес, 11.5., ни тргна со родендените. Сабајлево пишувавме за 105-тиот на Ричард Фајнман. Нешто порано од него, во 1904-тата, на истиот ден е роден откачениот Дали. Ама и во таа негова откаченост има и тоа каква силна логика. На пример во поврзувањето на Сорбона со карфиоли.

105 години од раѓањето на Ричард Фајнман: неговата неостварена претсмртна желба да ја посети Тувa

Теориски физичар, нобеловец, популаризатор на наука, според многумина што го познавале фраер. Ричард Фајнман, роден на денешен ден, 11 мај 1918, имал необична желба да ја посети Република Тува на југот на Сибир, која поради бирократски, политички и на крај здравствени oколности никогаш не му се остварила. Но тоа не е причина да не постои книга за целиот потфат. 

Папагалот - последен говорител на изумрен јазик

Вообичаено се вели дека еден јазик постои сè додека е жив и последниот негов говорител. Но што ако говорителот не е човек, туку - папагал?

Кој доби Пулицер за роман оваа година?

Пулицеровата награда се доделува на најдоброто од новинарството и уметноста, но ова второво често се маргинализира, а во ударните вести акцентот се става на новинарите и медиумите (оваа година Асошијетед прес и Њујорк Тајмс за известувањата од Украина). Да разгледаме што има и во „убавиот збор“. 

Евровизиската песна за Едгар Алан По

Не дека Евровизија нешто посебно нè интересира, но понекогаш (како лани со Констракта) искрснува по некој интересен изведувач или песна. Во случајов е второто, приказна инспирирана од дух на славен писател.

Како да откриеш финансиска измама или законот на Бенфорд

Кога станува збор за откривање финансиски малверзации, човек и не мора да е Шерлок Холмс или да има значка од Еф-би-ај. Доволно е да знае дека бројките и човечката интуиција понекогаш не одат заедно, односно дека првите потпаѓаат под закони кои ако не ги знаеш, може да те разоткријат. Ако единственото што ќе го извлечете од текстот е токму ова, однапред се оградуваме од соучесништво. 

Концерт за сеизмичка активност и флејта

Софтвер кој претвора вибрации и осцилации од сеизмичка активност во ноти ќе биде искористен за концерт во живо, кој би можел да биде прилично здодевен (ако баш тогаш ја нема) или пак премногу динамичен ако во моментот реши да стресе. 

Дали оригиналната инспирација за Џејмс Бонд бил Евреин по име Шломо?

До сега доминантна теорија беше дека Бонд, Џејмс Бонд, е всушност Попов, Душан Попов, двоен агент од Кралството Југославија, кому му е посветен романот „Есторил“ на Дејан Тиаго Станковиќ. Но бидејќи со тајните агенти многу работи се тајни, можно е Флеминг да имал барем уште една инспирација.