Bookbox

Пред да постојат работни места, ТВ серии и фудбалски преноси, луѓето сепак имале исполнети денови. Денес, кога некој фантазира за живот без работа, најчесто замислува богатство и безгрижен живот – ретко кој помислува на секојдневието на нашите предци од пред илјадници години. Но вистината е дека концептот на работа каков што го знаеме денес е многу нов во споредба со речиси 290.000 години човечка историја.

Мал број спортски настани успеале да го надминат значењето на играта како Светското првенство во фудбал. Од скромен турнир со 13 репрезентации во 1930 година до глобален настан што денес го следат милијарди луѓе, купот прерасна во повеќе од спортско натпреварување – тој стана огледало на политички, економски и општествени промени. Тоа не е само историја на фудбалот, туку и приказна за светот што се менува(л) заедно со него.

Грците се бунат: во холивудската „Одисеја“ нема Грци

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Зошто нулата во тенис се вика „љубов“?

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

„Најсилниот глас“ (мини-серија 2019)

Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.

Откриени ракописни белешки на Милтон на прво издание на Шекспировите драми

Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност. 

Колку заштита е доволно?: епидемијата на токсично родителство

Австралиски автор и директор на неколку училишта тврди дека е сè потешко да се раководи со ваква институција. Не поради децата, туку поради нивните родители.

Koму му е гајле за книжевните награди?

Во светот се кудени, но посакувани заради видливост и продажба. Кај нас, пред сè заради еднократната исплата и признанието од колегите - членови на жирито, ако тоа се погоди чесно. За првото има истражување. За второто само инсајдерски впечатоци.

Истражување за тоа зошто грицкаме моливи помеѓу добитниците на овогодинешната Иг нобелова

Германски научник ја доби пародијата на Нобеловата за оваа година заради откритие дека држењето молив во уста не носи радост. А има и уште поживописни теми.

Што се случи со „Урбан речник“?

Urban Dictionary во раната интернет ера делуваше како одличен проект - отворен речник на англискиот во кој секој може да придонесува. На неговиот 20-ти роденден ова веќе не изгледа како добра идеја. 

„Бомба“ за Битлси: снимки од пред 50 години кои фрлаат нова светлина врз распаѓањето на бендот

Марк Левисон, англиски автор и историчар се смета за светски авторитет кога станува збор за Битлси. Снимките до кои дошол за нивните последни состаноци кажуваат поинаква приказна од онаа која до сега ја знаевме - дека едвај чекале да се растурат, и дека главен виновник за тоа бил Џон.

Што се случува во „Тестаменти“, новата книга на Маргарет Атвуд?

Пред неколку дена излезе долго очекуваното продолжение на „Приказната на слугинката“, дистопискиот роман од 1985 кој стана најпознат по истоимената серија инспирирана од него. Магазинот Тајм по тој повод ја стави Атвуд на насловната, и направи детално интервју во кое таа обелоденува дел од содржината.

За да бидеш подобар човек, треба да знаеш да се засрамиш

Кант сметал дека моралното образование е „хидрауличен“ процес - срамот ни ги потиснува пороците, и прави простор за да се издигнат нашите доблести. Ова особено ефикасно функционира кога сме соочени со примери кои нè засрамуваат со својата морална исправност. Како тоа - кои примери?

Кога машините за перење свират на харфа

Бизнисот на изработка на „џинглови“, потсетници и аларми за различни апарати за домаќинството цвета. Но дали звуците што ги испуштаат тие навистина им прават разлика на потрошувачите или само создаваат непотребна врева?

Љубовна преписка помеѓу некогашни затвореници која траела 60 години

И двајцата биле жртви на советскиот Гулаг. Владимир бил осуден на 10 години тешка физичка работа, а Ивана се водела како затвореник број 108. Никогаш не се сретнале, но на нивното допишување таа се сеќава и денес, на 93 години.

Излегува продолжение на бестселерот „Капиталот во 21 век“ на Томас Пикети

„Капиталот и идеологијата“ се надоврзува на темите начнати во претходната книга, која се продаде во 2 милиони примероци.

„Мртвите не умираат“ (2019)

Нов на Џармуш? Со Бил Мареј, Иги Поп, Tилда Свинтон и Том Вејтс? Давàј! 

Зошто сликата „од мајмун до човек“ е погрешна?

Еволуцијата не следи некој предодреден, рамномерен пат. Па сепак, масовно користената визуелизација на овој процес ја прикажува токму така - како развој од примитивно кон напредно.

„Животот на Ник Дрејк: чувствителна душа“ (2002)

Вечерва (петок, 6.9), на програмата на фестивалот Скопје синема сити, Кинотека, 19 часот, документарец за еден од најмеланхоличните трубадури во историјата на музиката, прерано починатиот „Ники“ Дрејк.

Топ книги на тема лажни вести

Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.

Зошто не можете да чувате черепи од роднини по дома?

Ова што следи е извадок од нова книга на една за многумина мрачна тема - ракување со остатоците од телата на блиски, по нивната смрт. Доколку сте со осетливи нерви и стомак, имаме само еден спојлер за вас, после кој може да одлучите дали да продолжите со читање: кожојадни бубачки.

Зошто белците не смеат да кажат„црнец“?

Ги знаете тие „ризични“ зборови, кои дури и да не се употребени како навреда можат да создадат проблеми. „Шиптар“, „Циган“, „педер“, сè во врска со „Македонија“. Да имавме повеќе црнци, и тоа ќе беше спорно.

Букер 2019: во финалето книга од 1000 страници и само осум реченици

Вчера, 3.9, беа објавени финалистите за овогодинешната Букерова награда. На списокот има шест автори и исто толку дела, но едно се издвојува по својата необичност.

Гласот кој кршеше стакла

Koга научно-популарен мит ќе се спои со џез легенда во антологиска рекламна кампања.

„Како?“ - нова книга од цртачот на стрипот xkcd

По „Што ако?“ од 2014, која се занимаваше со „сложени прашања кои допираат до с’ржта на човечкото постоење“, нашиот омилен стрип цртач денес (3.9) издаде нова книга. Насловот е некако логично продолжение на претходната.

Модерните мажи погрешно го разбираат стоицизмот

„Стоицизам“ многумина ги асоцира на трпење и на потиснување чувства. Но класичниот концепт е всушност сосема спротивен и подразбира активен однос со околината и со себеси.

Венеција 2019: најинтересното од овогодинешниот фестивал

76-тиот Венецијански филмски фестивал почна на 28 август, а со тоа и есенската сезона на филмски награди. Во текот на годините премиера тука имаа голем број значајни филмови (пред 25 години и нашиот „Пред дождот“), а изгледа дека и оваа помеѓу насловите има такви кои со нетрпение ќе ги очекуваме.

„Охрид експрес“ или возот кој ќе беше подобро никогаш да не забрза

Двајца Французи во 1972 прават филм за возот Ќирчо, кој во тоа време сообраќал три пати дневно од Охрид, еднаш со товар (главно дрва и жито) до Пресека за повеќе од три часа часа, а со патници до Кичево за 7 часа. Пред неколку години кога тој беше oткриен од нашите медиуми, тие се концентрираа токму на вовчето. Но тука има многу повеќе од тоа.