Bookbox

Пред да постојат работни места, ТВ серии и фудбалски преноси, луѓето сепак имале исполнети денови. Денес, кога некој фантазира за живот без работа, најчесто замислува богатство и безгрижен живот – ретко кој помислува на секојдневието на нашите предци од пред илјадници години. Но вистината е дека концептот на работа каков што го знаеме денес е многу нов во споредба со речиси 290.000 години човечка историја.

Мал број спортски настани успеале да го надминат значењето на играта како Светското првенство во фудбал. Од скромен турнир со 13 репрезентации во 1930 година до глобален настан што денес го следат милијарди луѓе, купот прерасна во повеќе од спортско натпреварување – тој стана огледало на политички, економски и општествени промени. Тоа не е само историја на фудбалот, туку и приказна за светот што се менува(л) заедно со него.

Грците се бунат: во холивудската „Одисеја“ нема Грци

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Зошто нулата во тенис се вика „љубов“?

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Жената што открива фалсификувани слики во научни статии

Се вика Елизабет Бик и се има самопрогласено за детектив кога станува збор за манипулација со визуелни прикази во научни текстови. Ова го работи бесплатно веќе долго време, во обид да го корегира корпусот онлајн текстови врз кои се заснова светското знаење. Од нас - со среќа!

Гладни кози библиотека од пожар спасуваат

Ова не е наслов на некаква модерна басна, туку вистински случај, од Калифорнија.

Изложба: 3000 фотографии на 76000 деца од основни училишта во Лондон

Пред една година пишувавме за намерата на режисерот Стив МекКвин да работи нов проект во кој ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон. Проектот заврши, и ова се неговите искуства.

Кога Чарли Чаплин завршил на 20-то место на натпревар за двојник на Чарли Чаплин

Славниот комичар почнал да се појавува во филмови - поточно во своите 40 филмови - во 1914, а веќе до 1915 во САД владеел вистински „чаплинитис“. Се појавиле куп имитатори, и биле организирани натпревари за најуверливи двојници. На еден од нив наводно се појавил и самиот Чаплин. Не завршил баш успешно.

Жителите на Амстердам може да си добијат парче од историјата на градот

Пред некое време пишувавме за тоа дека музеј во Амстердам ќе престане да го користи терминот „холандско златно доба“. Но сега градот оди чекор понатаму во соочувањето и раздавањето на своето минато.

Блиссимболички: јазикот кој требало да обезбеди светски мир

Го добил името по својот креатор - Чарлс К Блис. Бил замислен како универзален систем на пишување, кој ни помалку ни повеќе требало да ги надмине сите недоразбирања на човештвото. 

„Врба“ (2019)

„Врба“ го стега срцето. Но и потсетува на важните работи, оние блиску до дома.

„Како да пиеш без да пиеш“ помеѓу финалистите за најчуден наслов на годината

Едно време будно ја следевме оваа награда, а потоа неколку години ни исчезна од вид. Еве ја сега пак со номинираните книги за 2019.

Излезе постхумно објавената автобиографија на Принс

Завчера, 29.10, од печат излезе „Убавите“ (The Beautiful Ones), мемоарот кој Принс почнал да го пишува пред неговата прерана смрт. Во него има спомени за детството, од првиот бакнеж до опседнатоста со Супермен. Но има и коментари за неговите колеги и дискографската индустрија воопшто.

„Името ми е Долемајт“ (2019)

Нов филм на Нетфликс во кој Еди Марфи го портретира Руди Реј Мур, американски комичар, пејач, актер и продуцент од шеесетите на минатиот век, нарекуван „кум на рапот“.

Потрагата по касети на 100-годишен пејач од Коста Рика

Човекот бил раскажувач и пејач во стилот „калипсо“ - вид музика во синкопиран африкански ритам. Им продавал касети на посетителите на Кауита, неговиот роден град во Коста Рика. Сега, како во варијанта на „Барајќи го Шугармен“, на интернет се одвива потрага по овие стари снимки.

Уметноста како апел против свет кој е буден 24/7

Изложба која се отвара утре, 31.10 во Лондон, нуди можност човек да се наспие. Но и да биде свесен за сите дразби кои во секојдневниот живот го држат буден.

Зошто просечни книги и филмови некогаш стануваат култни?

Грофот Монте Кристо е еден од највозбудливите романи на сите времиња. Истовремено, тој е еден од најлошо напишаните романи на сите времиња“, вели Еко, обидувајќи се да открие од каде произлегува овој јаз.

Час по историја на уметност наместо појавување на суд

Горниот хаштаг можеби звучи дефетистички. Но наместо досегашната пракса да сугерираме добри идеи со надеж дека тие некогаш би се примениле кај нас, ќе почнеме да ги третираме под судбински запечатеното „далеку сме ние од...“.

Како е да се живее во мала патувачка книжарница?

Има само 11 квадрати. Патува по забаталени места и по книжевни саеми и фестивали. И нејзиниот сопственик тогаш живее во неа.

„Навикни се на мечката зад тебе“: 24 филмски и животни совети од Вернер Херцог

Бескомпромисен, арогантен, откачен. Сè што може да се очекува од славен режисер, кој не се плаши да си го ризикува и животот за да снима во дождовните шуми на Амазон или на Антарктикот. Ако треба (за потребите на „Фицкералдо“) и да пренесе цел брод преку планина, среде перуанска џунгла. Е, тој нешто да ви каже.

Зошто родителите те нервираат?: водич за тинејџери

Дин Барнет е невронаучник, комичар и автор. Во негова нова книга (август 2019) тој се обидува да ги опише предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе денес, и да ни порача - слушнете ги што имаат да кажат и простете им ако тоа понекогаш го прават неспретно и арогантно. Па, отсекогаш и било така.

Добитничката на Нобеловата за литература ќе донира дел од парите за поддршка на писатели

Не знаеме за друг ваков пример на писател-добитник на Нобел кој парите од наградата сакал да ги подели со своите колеги. Кај нас некои ни пијачка не би почастиле. 

Како да мислиш (и памтиш) без Гугл

Не дека сме и онака нешто многу паметни. Ама кога секоја информација е на онлајн дофат, почнуваш да се однесуваш како поглуп отколку што навистина си. Нула напор за нешто да се запамти или да се научи. Чуму маката, кога пак ќе може да се пребара?

Лебот наш насушен: белото и црното брашно на идеологијата

Можеби тукушто појадувате, бел леб и ајвар. Или интегрален со хумус и домати. Ако имате среќа на маса ве чекале пржени лепчиња со јогурт и сирење. Иако делува само како нешто што нè држи најадени, лебот има огромна историска и гастрополитичка улога.

„Оружјата на критичкиот родител“ од Станислав Петковски - Сашо

„Голем залак касни, тежок збор не кажи“, гласи народната мудрост. Отприлика истата која ја пренесува и оваа книга, прогласувајќи ги зборовите истовремено и за корисни алатки, но и за убиствени оружја.

Oгнени кокошки: уметникот кој ги претвора кинеските зборови во цртежи

Кинескиот и онака е живописен јазик кој има голема врска со визуелизација на зборовите и изразите. Но илустраторката Френки Хуанг оди ниво погоре - буквално претворајќи ги зборовите во слики.

Пијачка на фајронт: шанкери за нивната последна желба

Нова книга на Бред Томас Парсонс, наградуван автор кој има пишувано за голем број сајтови и ТВ канали за храна, и бил уредник за книги за готвење на Амазон, има нова книга во која на шанкери им поставува само едно прашање - каков коктел би си направиле, за крај?

Моќта на џезот

Денес, 21.10, завршува уште едно, 38-мо по ред издание на скопскиот џез фестивал. Оваа година од сцената на МОБ беше испратена порака на солидарност со бегалците низ светот. И не е необично што џез музичарите чувствуваат обврска нивната музика да послужи и за социјален ангажман, затоа што овој музички жанр е и роден како реакција на опресија.