само немојте да ни заспиете

Звукот на Википедија

Ѕвончиња, жичани инструменти, длабоки и високи тонови, придружени со психоделични шарени кругчиња. И сето тоа генерирано од корисниците на најголемата интернет енциклопедија.

Проектот „Слушај ја Википедија" ги преведува интервенциите во статиите на овој сајт во различни звуци - кога некој нешто додава во нив тогаш се слушаат ѕвончиња, кога вади тогаш се слуша некаква жичана врева. Високите тонови се за помали интервенции, додека поголемите уредувања се претворени во ниски тонови. Посебен звук се слуша и кога некој ќе се придружи на енциклопедијата.

Истовремено се појавуваат зелени кругови доколку промената е направена од нерегистрирани корисници, а виолетовите се за автоматизирани ботови. За сега ова функционира за дваесетина јазици, меѓу кои освен англискиот и за фарси, санскрит и гуџарати.

Звуците се пријатни и дејствуваат некако смирувачки, па може слободно да си ги оставите во позадина. За македонската можеме да предложиме зен верзии на тапан и зурла.

19 август 2013 - 15:36