Загубениот фото-албум на Денис Хопер

Повеќе од 400 фотографии на познатиот актер и режисер стоеле неколку години во шифоњер во неговата куќа, помешани со новогодишни украси.

Црно-белите фотографии се пронајдени по смртта на Хопер во 2010, при чистењето на неговата куќа во Лос Анџелес. Направени се во 1960-тите, а вклучуваат портрети на Енди Ворхол, Џејн Фонда, Пол Њумен и други значајни фигури од тоа време.

Хопер, кој глумеше во славните „Апокалипса сега" и „Синиот сомот", а го режираше и култниот Easy Rider, се опседнал со фотографирање откако неговата прва жена, Брук Хејвард, во 1961 му подарила Никон за роденден, бидејќи немал пари да си го купи сам. Оваа збирка, која се нарекува „Загубениот албум", до сега била изложена во Берлин (2012) и Њујорк (2013). Летово ќе биде поставена и во Лондон, во Кралската академија на уметноста.

(горе - свадбата на Џејн Фонда и Роже Вадим)

Рој Лихтенштајн

Двојни стандарди

Џејмс Росенквист (сликар, член на поп-арт движењето)

Енди Ворхол со цвеќе и блага насмевка

5 март 2014 - 15:19