За што (побогу) служи студирањето?

Однапред знаеме кои маани би можеле да му ги најдете на текстов. Ниту општеството им понудило „високо квалитетен идентитет“ на нашите студенти. Ниту пак нашите библиотеки се толку „неверојатно богати“ како оние на Харвард или на Јеил. Но овие совети би требало да важат од најзабаталената селска училница која се грее на дрва, до најпрестижниот универзитет. 

Во едно од бројните гостувања на универзитетски кампуси на Џордан Питерсон, студент му поставува прашање - „Добро, ако тврдите дека студентите не треба да си го губат времето шетајќи со плакати низ кампусите, тврдејќи дека се опресирани кога се всушност едни од најприлегираните во својата средина, тогаш што треба тие да прават?“.

Неговиот одговор е нешто што би требало да се подразбира. Па сепак, сите (и изгледа секаде) го имаат заборавено. Треба да се повторува, и за студентите, и за оние кои им всадуваат погрешни очекувања - дека не се запишуваш на универзитет за да добиеш добра оценка, или за да најдеш работа. Целта е многу поблагородна и повисока. 

Читајте значајни книги. Го имате овој четиригодишен период кој ви го доделил општеството, кое на тој начин ви доделил идентитет, високо квалитетен идентитет, и истовремено слобода, која веќе никогаш нема да ја имате понатаму. Имате респектабилен идентитет и комплетна слобода поврзана со него, или барем нешто најблиску до тоа. И на располагање ви стојат сите овие неверојатни библиотеки, полни со книги напишани од луѓе кои се неверојатно интелигентни и артикулирани, и од кои можете да учите.

Можеби си мислите, зошто би требало да го научите сето тоа? За да најдете работа, или да добиете добра оценка? Тоа се глупости, бесмислици. Причината зошто доаѓате на Универзитетза да се образувате е затоа што нема ништо помоќно од некој кој е артикулиран, кој може да мисли и да зборува. Тоа е моќ, и мислам на моќ од најдобриот вид, тоа се авторитет и влијание и респектабилност и компетенција.

Оттаму, доаѓате на факултет за ја извежбате вашата најважната вештина, а таа е артикулираниот говор. Ако сте мајстор во формулирање на вашите аргументи, победувате во сè, а уште подобро е тоа што, кога вие победувате, и сите околу вас го прават тоа. Затоа што да се трансформирате себеси - да речеме дека таа трансформација е нешто блиску до логос-от - тоа значи дека го осветлувате целиот свет. Нема ништо повозбудливо од тоа, ништо подобро што можете да го правите. Да си мислите дека студирате за да најдете работа, тоа е во ред, многу подобро од тоа да бидеш невработен и покриен со прашина од чипсови дур играш видео игрици во подрумот. Немам ништо против видео игрици, но тешко дека ова би можело да се наречен триумфален подвиг на постоење во светот, а токму тоа би требало да го поттикнува Универзитетот.

Нема ништо покорисно од борба против трагедијата на животот отколку да се фатиш во костец со неа, со целата душа, во име на доброто, а универзитетите го имаат заборавено тоа. Научете да зборувате, научете да читате! Тоа ве прави супермоќни, тоа е индивидуална супер моќ. Целото општество илјадници години се развивало така за да ви ја пружи оваа спектакуларна можност. Уште од првиот ден треба да ви се каже дека сте тука на херојска мисија - да ги развивате вашите капацитети до ниво за кое никој не може ни да сонува.

Целото видео (од 7:40 минута):

28 декември 2018 - 11:02