Нова верзија на еден класик

„Волшебникот од Оз: големиот и моќниот"

Базиран врз ликовите од детската книга „Прекрасниот волшебник од Оз" на Л. Френк Баум, филмот на Сем Раими е некој вид приквел кои довеле до настаните во познатата приказна.

Тоа значи дека не треба да ги очекуваме ниту Лимениот човек, ни Лавот-кукавица, ни Страшилото. Ај тоа, туку ќе ги нема ни црвените чевлички на Дороти, и тоа заради авторски права - тие се дел од оригиналната костимографија за филмот на MGM, па не можат да се појават и во овој. Е добро, што има тогаш во филмов?

Џејмс Франко го глуми Оскар Дигс, магионичар и измамник, кој влегува во светот на Оз и среќава секакви бизарни суштества, како и три вештерки: Теодора (Мила Кунис), Еванора (Рејчел Вајс) и Глинда (Мишел Вилијамс). За остатокот ќе треба да ја чекаме премиерата, во март 2013. Aма каков и да е, нема шанси да биде подобар од тој со Џуди Гарланд од 1939...

13 јули 2012 - 14:51