Вернер Херцог во тажен филм за пластична ќеса

Ја знаете сцената во „Американска убавина", во која летањето на една пластична ќеса на ветерот треба да ја симболизира бесмисленоста на животот. Оваа пак приказна е раскажана од аспект на една слична (жолта) ќеса, и тоа со глас кој не остава рамнодушен. На крај може ќе пуштите и солза.

Кога Жоакин Феникс имал сообраќајка пред некоја година близу Лос Анѓелес слушнал тропкање по стаклото и спокоен глас кој му вели „опушти се, ќе биде во ред". Тоа бил Вернер Херцог, кој откако се уверил дека Жоакин е жив и здрав, едноставно исчезнал. Но неговиот глас уште долго одѕвонувал во главата на актерот.

Токму тој глас и неговите „тевтонски" тонови се искористени во овој филм за една - пластична ќеса. Рамин Бархани, кого Роџер Еберт го има наречено „новиот голем американски режисер", го сними 18-минутниот филм во 2009 и во него „го трасира епското, егзистенцијално патување на една ќеса во потрага по нејзиниот загубен творец, жената која ја зема дома од продавница за потоа да ја фрли". Посебен тон на трогателната приказна ѝ дава токму нараторот со неговиот полуморничав-полумеланхоличен глас, кој прави на моменти сосема да се идентификувате со напуштената ќеса. Херцог, Морган Фриман и Џејмс Ерл Џонс, тоа се луѓето.

Ова е еден од 11-те филмови кои се издадени од страна на интернет телевизискиот сервис Futurestates, кои истражуваат каков би можел да биде животот во Америка во иднина. Погледнете го атрактивниот сајт и останатите филмови тука

Филмчето:

10 август 2015 - 15:42