Teoфил Панчиќ: „Би сакал да сум возач на автобус на линија Скопје-Љубљана“

Нешто као Прустов прашалник. И лик кој ни е нешто као познат. 

Која е вашата претстава за совршена среќа?

Отсуство на страв

Кој е вашиот најголем страв?

Дека секогаш од нешто ќе се плашам.

Со која историска личност се идентификувате?

Со Џими Пејџ. Кога ќе го сплете воведниот риф во Whole Lotta Love, а јас ќе засвирам воздушна гитара.

На која личност најмногу ѝ се восхитувате?

На Вуди Ален, заради ова: „Не сакам да живеам во срцата на обожавателите. Сакам да си живеам во станот“.

Кој особина не ја поднесувате кај себе?

Стравови, јанѕи, фобии.

Која е вашата најголема екстравангација?

Немам кола. Не знам да пливам. Не умеам да врзувам врвки. Никогаш ништо не сум работел.

Кое е вашето омилено патување?

Невозможен избор.

Која особина на личноста ја сметате за преценета?

Отреситоста.

Во кои прилики лажете?

Кога ќе дојде зорт.

Што не сакате во својот физички изглед?

Што ли би можело тоа да биде? Не знам, сè е цакум-пакум.

Кои зборови или реченици пречесто ги користите?

Немам такви.

Кое е вашето најголемо каење?

Се каам за сè. Тоа е можеби нормално во мои години.

Која е љубовта на вашиот живот?

Тоа е доволно познато.

Каде и кога сте биле најсреќни?

Секогаш кога сум бил во баланс со себе и со блиските.

Кој талент би сакале да го имате?

Талент да го отсвирам „Лифт за губилиште“. Иако, чуму? Веќе е отсвирено.

Како се чувствувате во моментов?

Депримирано.

Што сметате за ваш најголем успех?

Ништо. Сите мои успеси се најмали.

Ако по смртта би се вратиле на овој свет како личност или предмет, што би биле?

Јас, куме, не би ни заминувал.

Кој е најскапоцениот предмет што го поседувате?

Лаптoпот. Единствено тој ми носи повеќе пари отколку што чинеше.

Што е за вас олицетворение на страдање?

Живот во погрешна кожа. Додуша, сите кожи се барем малку погрешни.

Што би сакале да бидете по професија?

Возач на автобус на Ниш-експрес на линија Скопје-Љубљана, во осумдесетите.

Кои се ваши инспирации во животот?

Џон Клиз. Адам Михњик. Витомил Зупан. Леонард Коен. Франсоаз Саган. Џон Оливер. Ијан Дјури. Ташко Начиќ. Милан Срдоч. Милутин Бутковиќ.

Кој ви е омилен писател, а кој сликар?

Ги има повеќе, но да скратам: Чехов. Сликар, не знам.

Кој е вашиот омилен фиктивен јунак?

Теофил Панчиќ.

Каде би сакале да живеете?

Во онаа зграда од шест-седум спратови во Иванбегова. И во онаа црвена зграда на улица Јован Бошковиќ во Нoви Сад. И во извесни згради во Ријека, Љубљана, Париз, Портланд итн. И во алејата на Виктор Бубањ 3/XIII, стан 136...

Што најмногу мразите?

Да давам пари за такси. И кога пилавот/рижотото не е суво, туку софтест, разлигавено, блуткаво и мацкаво.

Како би сакале да умрете?

Така што никој не би ме информирал дека сум умрел, па по инерција би продолжил да живеам.

Кое е вашето мото?

„Животот пишува романи, а луѓето читаат стрипови“. Кој ќе погоди кој е авторот, го носам на ручек.

Извор: Недељник

Претходно од Панчиќ на офф: Сето „тоа“

6 јули 2017 - 14:57