„Ќе ме бараш еден ден“

Тажните загубени предмети

Јунџин Ли е графичка дизајнерка од Њујорк со корејско потекло. Ви претставуваме три нејзини симпатични проекти. За два од нив ви треба само да одите по улици и да чепкате по ѓубре.

„Пишувај од срце“

Го знаете она стереотипното дека има разлика помеѓу пишување со рака, со „глава" и со „срце". Па како навистина изгледа кога некој пишува со овие органи? Не баш разбирливо, мора да се каже.

Азбука од ѓубре

Прво мислевме дека Јунџин во отпадот ќе бара предмети на одредена буква за да состави азбука. Но таа всушност ги бара токму формите на буквите, во начинот на кој фрлената салама формирала ес или превитканите цевки ипсилон. Кој знае како би било кога би се обидела да лоцира корејски идеограми.

Little Lost Project

Дали предметите кога ќе си го загубат сопственикот се тажни? Овие се најдени на улиците на Њујорк, на нив Јунџин закачува некаква порака и потоа ги враќа на истото место. „Сакав да бидам таму за тебе додека не престанеш да кашлаш", вика едно пакетче бонбони за грло. Кој знае што викаат загубени сто евра.

20 февруари 2014 - 08:37