Тантал и последната тоалет хартија: старогрчки митови сред пандемија

Нарцис малку предолго се ѕвери во својот одраз во тек на видео повик. Заглавена дома, Медуза се обидува да ги пресече своите палави кадрици.

Во серијата „Старогрчка карантологија“ илустраторот Џонатан Муроја ги става боговите и класичните митови во нов контекст - оној на актуелната пандемија, замислувајќи како тие би се однесувале во ваква ситуација.

Серијата започнала како семинарска на Муроја последниот семестар на неговите студии, на Rhode Island School of Design оваа пролет. Задачата била да се направат илустрации кои ќе го опишат светот среде новите околности.

Муроја си поставил три прашања: Што прават луѓето во карантин? По што се најпознати старогрчките ликови? Како овие две нешта се преклопуваат?

Резултат на ова се многу интересни гиф-чиња во кои Тантал, на пример, посегнува по последната ролна тоалет хартија и не може да ја дофати. Дури и мускулестиот Херкул мора да почне да вежба по дома. Минотаурот решава лавиринти од крстозбор, а Медузата се обидува самата да си ја скрати косата.

За целата негова збирка на која се уште работи, а која вклучува и други цртежи направени во текот на пандемијата тука

26 октомври 2020 - 07:36