Ручек со Моне, вечера со Полок

На денот на нашиот традиционален настан, петтиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме две нови изданија, кои се однесуваат на готвачките вештини на двајца големи уметници.

„Готвачот на Моне: уметникот и неговата кујна во Живерни" од Ајлин Бордман и Дерек Фел и „Вечера со Џексон Полок" од Робин Ли ја раскажуваат често прескокнатата приказна за влијанието на храната врз животот на луѓе кои не биле професионални готвачи, но чиј однос кон подготвувањето храна ни кажува многу за нивните различни пристапи кон уметноста. Како што вели Франческа Полок, внука на сликарот, во предговорот на книгата посветена на неговото готвење: „Тој сликаше исто како што говеше: бескрајно користејќи остатоци, чувајќи ги и повторно употребувајќи, обидувајќи се со една боја или форма, а потоа со друга. Никогаш во сето тоа немаше каков и да е вкус. Сликањето, како и готвењето, беше начин на живот".

Иако бил познат како егоистичен авто-деструктивен алкохоличар, рачно напишаните рецепти пронајдени во куќата на Полок покажуваат една негова потивка, домашарска страна. Неговата пита со јаболки дури и освоила прво место на локалниот натпревар во печење пити.

Од друга страна, импресионистот Клод Моне е најпознат по пејсажите на Нормандија, северно од Париз. Регионот го инспирирала Моне и за сликање и за готвење. Иако храната ретко се наоѓа на неговите дела, главно на мртви природи, неговата голема градина, полна овошки и зеленчуци кои ги користел за готвење, била негова секојдневна опсесија.

Секој франк што ќе го заработел, откако ќе ги покриел семејните трошоци, го трошел на најсвежите состојки за оброци, и на подобрување на внатрешноста и надворешноста на куќата. Тој едно време вработил и готвач, неговото мени вклучувало јајца од сопствени кокошки, а самиот одлучувал кои зеленчуци ќе бидат засадени и кои ќе бидат употребени за подготовка на храната.

Ваквите моменти во животите на уметниците ретко се тема на биографии, но и овие две не се жанровски чисти - нешто се меѓу приказни за животите на Моне и Полок и готвачи, бидејќи содржат рецепти од збирката на Полок, како и такви инспирирани од градината и француската кујна на Моне.

Како што заклучува текстот посветен на оваа тема во NPR, „една нормална биографија можеби би ги портретирала уметниците како Уметници (со големо У), но анализирајќи која и да е историска фигура низ призмата на храната нив ги прави попристапни и - конечно - почовечни".

24 април 2015 - 08:28