Психологијата зад моментот на „аха!“

Тоа е оној момент кога нешто ќе ви „светне“, а кој велат дека е резултат на инстинкт, интуиција, на повеќегодишно искуство, или едноставно на среќа. Ефектот на „еурека“ е дел од легендите за големите научни откритија, но и од секојдневната работа во повеќе професии, каде помага за решавање на големи проблеми, па и за спасување животи.

Во новата книга на психологот Гери Клајн, „Гледајќи го она што другите не го гледаат" (Seeing What Others Don't), се анализираат токму ваквите ненадејни проблесоци на сознание, кои можат да го променат светот. Авторот е најпознат по редизајнот на тн. „Ситуациска соба" во Белата куќа (конференциска сала од над 500 метри квадратни, каде се состанува Националниот совет за безбедност), така за во неа претседателот на САД да може полесно да ги носи вистинските одлуки. За новата студија тој анализирал повеќе од 120 случаи каде ваквата интуиција одиграла клучна одлука во донесувањето одлуки, и тврди дека се проближил до разбирањето на начинот на кој доаѓа до ваквите појави.

„Нема едноставна формула. Она што го сфатив е дека постојат три патишта кои водат до сознание и кои отсликуваат три различни типови сили. Тоа се контрадикција, конекција и креативен очај", вели Клајн.

Првиот принцип, на контрадикција, подразбира дека патот за сознание се отвара кога забележувате некаква аномалија, отстапување од вообичаениот тек на настаните. Најчесто ние ја „заташкуваме" ваквата ситуација, само за да не си ги нарушиме закостените убедувања. Но ако ја сфатиме аномалијата сериозно, и ако се нафатиме да ги истражиме нејзините импликации, тогаш можеме да откриеме нешто што до тогаш не сме го ни сонувале. „По овој пат можеме да дојдеме до ненадејно сознание само доколку обрнеме внимание на појавената контрадикторност - тоа значи дека негов клуч е нашата љубопитност", вели Клајн.

Вториот пат е правењето врски, поврзувањето на една информација со друга, како при решавање на некаква криминалистичка мистерија. Варијации на овој принцип вклучуваат забележување коинциденции и необични детали. Ова бил најчестиот метод за доаѓање до ненадејни сознанија во примерокот на Клајн.

Третиот пат тој го нарекува „креативен очај", а тоа е кога сознанието настапува во екстремни ситуации, кои вклучуваат одлуки на живот или смрт. Тука е наведен случајот на 15 пожарникари кои со падобрани се спуштени во ридовите на Монтана во 1949, за да исконтролираат некаков шумски пожар. Тие одеднаш се нашле среде оган кој бргу напредувал нагоре по ридот. Се обидувале да ги надтрчаат огнените јазици, но пожарот бил побрз од нив. Единствен кој преживеал бил Вагнер Доџ, кој бргу сфатил дека трчањето пред оганот нема поента. Она што тој го направил е вистински пример за просветлувачка и спасоносна идеја - тој ја запалил тревата ПРЕД него, па така практично трчал по пеплосана трева и успеал да пристигне на безбедно пред пожарот да го стигне.

Ова е пат на отарасување од товарот на погрешно или непотребно убедување. Кога добри (и навидум интелигентни) луѓе прават глупави нешта, зад тоа може да има интересни причини, вели психологот. Во случајот со Доџ, тој се обидел да ги убеди колегите да го сторат истото што и тој, но за жал тие сметале дека неговата постапка е глупава

9 април 2015 - 14:09