Сид лајкс дис

Сликовница за мали панкери

Децата се изложени на секакви музики, што од родителите, што од интернет и телевизии, и прашање е на време кога од сето тоа ќе изберат што им е баш по ќеф. За нештата да бидат појасни кога ќе бираат меѓу Бибер и Рамоунси, тука е сликовница, илустрирана со глинени фигури.

„Што е панк?", напишана од Рик Морз и илустрирана од Ани Ји, е замислена како „час по историја" за оние доволно млади за нешто да чуле за панкот од нивните мајки и татковци кои можеби уште имаат некој пирс од времето, но истовремено и сликовница која се обидува да пренесе позитивни пораки за желбата на оваа субкултура за еднаквост и толеранција.

Клеш, Секс пистолс, Рамоунс, но и Блонди, Иги, Њујорк долс и Токинг хедс, се бендовите преставени во книгата од 32 страници, заедно со панк-рок плејлиста за секое идно панкерче. Книгата излегува на 28 јули - ако му ја купите на вашето дете може ќе му биде појасно зошто некогаш ја потпевнуватеI fought the law, and the law won.

 

 

25 јули 2016 - 16:34