Што ли држи девојката на слика од 1860?

162 години стара слика на австриски aвтор деновиве го разбранува интернет затоа што девојката прикажана на неа наводно држи - смартфон. Koj знае како ќе ги толкуваат денешните слики луѓето од иднината. 

Во 1860 австрискиот сликар Фердинанд Георг Валдмулер ја слика „Очекуваната“ (Die Erwartete), во чиј центар една девојка пешачи низ убав пејзаж кон човек кој ја чека во грмушките, држејќи розово цвеќе. 

Сликата не беше нешто особено позната до неодамна, кога на социјалните мрежи излезе сериозен муабет дека она што таа го држи во рака и во кое втренчено гледа е - мобилен телефон.  

Па, да, во што друго човек би можел да зјапа освен во смартфон? Когнитивната дисонанца според која е поверојатно на сликата да има предмет измислен повеќе од еден век подоцна, отколку на пример книга, е прилично индикативна. А уште поневеројатно е таа да држи молитвеник, враќајќи се од црква, како што тврдат оние што подобро ја познаваат сликата, која денес е изложена во Новата Пинакотека во Минхен. Технолошкиот развој ја менува интерпретацијата на сликата, па денес е тешко да се замисли дека тинејџерка би можела да биде толку втопена во нешто што не е Тикток или Инста. 

Како и да е, ова го привлече вниманието кон Валдмулер, еден од најзначајните австриски сликари од 19 век, кој - патем - му бил еден од омилените уметници на Хитлер, кој и самиот се обидувал да го имитира овој стил. Во текот на својот живот Валдмулер често бил во конфликт со уметничкиот естаблишмент поради своето кредо, дека уметникот треба да ја набљудува и да ја слика природата и тоа да го прави на отворено. Најпрвин бил принуден да се повлече од своето место во Академијата во Виена, но подоцна е одликуван со титула витез.

5 октомври 2022 - 18:41