Прва авио-компанија наменета за превоз на уметници

Ангелхаха е првата уметничка авио компанија која ќе лета патници директно до битни изложби и уметнички настани низ светот. Првиот лет е закажан за 6 декември. Иако тешко дека повеќето уметници би можеле да го платат.

Кинмин Лиу е кинеско-американска уметница и кореографка. Нејзината нова авио-компанија, Ангелхаха ерлајнс, од декември ќе пренесува патници заинтересирани за актуелни уметнички настани низ светот, гарантирајќи им „најпозитивна енергија“.

Првиот лет е од Њујорк до Мајами, каде се одржува годинешното издание на Арт Базел, саем на кој галерии од целиот свет прикажуваат значајни дела од мајсторите на модерната и современата уметност, а се промовираат и нови автори. Летот ќе биде со мал приватен авион со само девет патници, со 2.700-3.500 долари во уметничкиот џеб, колку што чини картата.

Планот е во иднина да се лета до настани во Њујорк, Хонг Конг, Венеција, Берлин и Париз, со поголемо летало, за и цените да бидат поприфатливи. Така тие би изнесувале од 300-3.000 долари, во зависност од дестинацијата. Како дел од искуството Лиу ќе им донира и свои дела на патниците.

„Услугата е перформанс. Околината е кореографирана. Ќе го искористам авионот, времето и затворениот простор за на патниците да им овозможам уникатно искуство. Секој ќе добие парче среќа“, ветува таа. Таа потекнува од Кина, а студирала на Школата за визуелни уметности во Њујорк. Рекламата која се обидела да ја пласира на кинеската државна телевизија, која трае 15 секунди во текот на кои таа главно се смее, чекала на одобрување 18 месеци, и покрај тоа што била платена.

„Што е функцијата на уметникот?“, прашува таа, обидувајќи се преку оваа авио линија, за која гарантира дека не е „пренк“ или фантазија, да промовира нови опции, кои го спојуваат сетилното искуство на летање, потрошувачкото и уметничкото.

23 ноември 2017 - 09:06