Прв пат по 200 години во продажба е нов син пигмент

Истражувачите го откриле YInMn Blue во 2009. Сега туба со оваа интензивно сина боја кончено може да се купи, за околу 150 евра.

Во 2009 истражувачите на Универзитетот Орегон, при развивање материјали за употреба во електрониката, откриле прв нов син пигмент во последните два века. Го нарекле YinMn согласно неговите компоненти: итриум, индиум и манган.

Раководен од хемичарот Мас Субраманиан, тимот набргу сфатил дека наишол на нешто интересно. Единаесет години подоцна, во мај 2020, Агенцијата за заштита на околината на САД официјално го дозволила пигменот, кој е многу поинтензивен од кобалт или од тн. „пруско сина“, и е многу податен за комерцијална употреба.

Сепак, користењето на бои за лична потрошувачка подлежи на поригорозна проверка, па производителите за малопродажба и уметниците се соочиле со долго чекање. За да го скрати тој период, фирмата Крејола во меѓувреме вовела боичка под име Блутифул инспирирана од пигментот.

Сега конечно тој е достапен за комерцијална употреба, а неа почнаа да ја произведуваат фабрики во Германија и САД. Сува верзија во прав допрва треба да биде дозволена за јавна потрошувачка.

Сината боја е една од оние кои тешко или никако не можат да се екстрахираат од природни ресурси, па оттаму уметниците низ историјата морале да создаваат синтетички сини пигменти. Последниот комерцијално произведен неоргански син пигмент бил кобалтот, откриен во 1802 а прв пат произведен во Франција во 1807. Сепак, тој бил отровен во големи количества, не реагирал добро на висока температура и избледувал со текот на времето.

25 јануари 2021 - 09:41