Пронајден загубен роман на Волт Витман

Опишана од проучувач на делото на Витман како „забавна, креативна, бизарна книгичка полна пресврти“, таа сега е бесплатно достапна онлајн.

„Животот и авантурите на Џек Енгл“  е најдена во архивите на весникот Викторијан Њујорк Сандеј, во кој била објавувана во продолженија. Иако нејзиниот автор не е наведен, нејзините ликови и содржина се поклопуваат со деталниот синопсис содржан во поетовите нотеси, каде зборува за проект за кој досегашните проучувачи на неговиот лик и дело сметаа дека никогаш не се случил.

Достапна онлајн во новото издание на списанието Walt Whitman Quarterly Review, таа на деведесетина страници ја раскажува приказната за еден корумпиран адвокат, г-дин Коверт, кој се обидува да ја лиши неговата штитеничка, сирачето Марта, од нејзиното наследство во своја полза. Џек, кој работи за Коверт, a е и самиот сирак, се солидаризира со неа, и во текот на приказната открива дека неговата судбија е тесно поврзана со нејзината. Витман преку делото можеби сакал книжевно да му се одмазди на адвокатскиот еснаф, бидејќи неговиот татко исто така бил измамен од њујоршки адвокат.

Книгата е објавена во спомнатото списание во 1852, истата година кога поетот почнал да работи на неговата антологиска поема „Страци трева“, објавена три години подоцна. Таа ја покажува потрагата на Витман по книжевна форма која најмногу му одговара, а тоа како што ќе покаже остатокот од неговиот живот изгледа не била конвенционалната прозна нарација. Но можеби за да стигне до ова сознание му биле потребни уште прозни дела, за кои допрва ќе се дознае.

Претходно (април 2016): Новооткриен водич за машко здравје на Волт Витман

22 февруари 2017 - 18:10