Work, work, work, work, work

Подемот на наслови на поп-песни од еден збор

Веќе неколку години поп хитовите имаат наслови како „Хепи", „Хелоу", „Сори", „Стичис". Случајност или намерно зипување?

Анализа на 100 песни од листата на Билборд покажува постојан растечки тренд во бројот на вакви наслови. Денес веројатноста дека песна со краток наслов ќе стане хит е два и пол пати поголема отколку во 1960-тите. Просечниот број на зборови по наслов исто така има опаднато - индустријата сака нејзините песни да бидат кратки и слатки.

Еве ја дистрибуцијата по децении - од 8,8% во шеесетите, до 23,2% наслови на песни во 2010-тите биле составени од само еден збор. Претходно ситуацијата била уште подрастична. Во 1920-тите и 1930-тите наслови составени од само еден збор биле исклучок, како на пример „Самертајм" на Били Холидеј. До 1960-тите ваквите песни станале попопуларни, но се уште биле малубројни, со еден во десет хитови. Порастот бил релативно постепен од 1960тите до 1990-тите, за во новиот век нивниот број нагло да порасне. Истовремено, намален е и просечниот број зборови по наслов, а само 25% од тоа се должи на зголемувањето на бројот на наслови составени од само еден збор.

Иако не е сосема јасно што е причината за зипувањето, една од претпоставките е дека ова коинцидира со зголемената продажба на синглови. Во 1990-тите, албумите чинеле над 90% од приходите од продажба на музика во САД. Но со подемот на интернет овој процент е намален на под 50%, главно заменет од дигитални симнувања и стриминг на синглови.

Така, индустријата се концентрира на подобрување на шансите за комерцијален успех не на цело дело, туку на песна. Во неговата книга, „Машина за песни: внатре фабриката за хитови" авторот Џон Сибрук детално ги анализира ваквите промени: зголемената подеба на трудот при пишување песни, подемот на компјутерски процесирани гласови, употреба на синтетички звуци на сметка на живата инструментација и акцентирањето на првите седум секунди од песната, за слушателите да не го загубат вниманието. Скратувањето на насловот е само дел од оваа приказна - тие полесно се памтат, особено ако по сто пати се повторуваат и во рефренот.

Најрепрезентативен пример на „економизирани" наслови е Џастин Бибер. Неговиот најнов албум содржи 13 песни со во просек 2,3 зборови. Четири од нив имаат само по еден збор (горе - споредба со наслови на песни од албум на Битлси). А Бибер и не е осамен, пред него во краткоста се Дрејк и Тејлор Свифт.

Според интернет ова е најдолгиот наслов на песна, на шведската група Реднекс и гласи: The Sad But True Story Of Ray Mingus, The Lumberjack Of Bulk Rock City, And His Never Slacking Stribe In Exploiting The So Far Undiscovered Areas Of The Intention To Bodily Intercourse From The Opposite Species Of His Kind, During Intake Of All The Mental Condition That Could Be Derived From Fermentation. Најкраткиот наслов на песна додуше го има една од шеесетите, и гласи „I" - или „Јас“.

22 март 2016 - 09:01