Една од најзначајните српски писателки на 20.век

Почина Светлана Велмар-Јанковиќ

Вчера на 81 година во Белград почина писателката и академик, за чии дела се вели дека го сочувале од заборавот исчезнатото српско граѓанство.

Нејзините романи се бестселери кои ги имаат добиено сите престижни награди во поранешна Југославија и Србија, и зборуваат за значајни периоди од историјата на регионот. Особено се важни делата кои претставуваат хроника на нејзиниот роден Белград, чие бомбардирање го доживеала како крај на нејзиното детство.

„Пораснав во Беглрад, и без тоа тло не знам како би постоела и како би живеела. Се занимавам со минатото на овој град за подобро да ја разберам и да ја поднесам неговата сегашност", изјавила таа во едно од интервјуата. До крајот на животот се залагала за зачувување на автентичните белградски зданија, а во 2002. дала оставка на местото член на Комисијата за именување на улици во Белград заради мешањето на политиката во одлучувањето.

Нејзин татко е Владимир Велмар Јанковиќ, помошник министер за просвета во владата на Милан Недиќ, одликуван со Легија на честа во 1939, но после војната сметан за државен непријател. Спомените на тоа време провејуваат во повеќе нејзини книги, а особено во „Лагум" (подземен премин), која е преведена на македонски во рамки на едицијата Сто словенски романи, во издание на Слово.

10 април 2014 - 10:31