Ерос има брат

Oдмаздникот на невозвратената љубов

АНТЕРОС

Полека оптегнувам
рацете се опуштени, но грбот затега
погледот вперен во целта,
раката под брада
додека усните не ја бакнат тетивата.

Потоа мора да се биде брз,
да не се загуби од силата.

Нишанот „плива" дур отпуштам
благо, но одлучно
и гледам како стрелата те стигнува.

Имаш поздрав од Антерос,
син на Арес и Афродита,
брат на Ерос,
одмаздник на невозвратената љубов,
со лак и стрела
и крилја на пеперутка.

Овој пат само те гребна,
колку за опомена

па сега ти види си,
што-како.

И.Ј.

14 февруари 2016 - 09:39