„Нрдлеска“ - нов вид театарска бурлеска

Нешто како фан фикција, ама во театар - бурлеската доживува ренесанса, но во нова форма, чија целна група се обожаватели на одреден филм или серија. Во Њујорк овој жанр е станат толку популарен, што во 2014 е организиран цел фестивал на „нрдлески“.

„Хотси ботси бурлеска“ е театарска компанија чија програма содржи голем број претстави кои содржат референци на книги, филмови и тазе ТВ хитови како „Мед мен“, „Американска хорор приказна“, но и на класиците од типот на Мапети или Доктор Ху. Оние посветени на Хари Потер, како овогодинешната под наслов „Хари Потер и проколнатиот штитник за брадавици - лев и десен дел“ беа распродадени, а секој декември групата прикажува посебно празнично издание на „Војна на ѕвездите“.

На претставите доаѓаат и луѓе кои не ги разбираат баш сите инсајдерски финти и асоцијации на изворниот материјал, и тоа заради искреноста на изведувачите и возбудата на публиката.

„Се држиме до работи кои и самите ги сакаме, не ги исмеваме туку навистина им оддаваме почит“, изјавил Џозеф Нафтали, кој помогнал да се основа Хотси Тотси пред десет години.

И други трупи се занимаваат со истото, Така, Метрополис Бурлеска од Бруклин летово оддржала шоу инспирирано од Нефтликс серијата „БоЏек Хорсмен“. Вообичаено ваквиот тип претстави содржат голотија и се примамливи и за „обични“ гледачи кои сакаат да гледаат добар стриптиз, а притоа да можат да кажат дека биле на интелектуално ангажирана претстава.

До 1942 бурлеската во Њујорк била дефинирана од гламурозни жени кои изведувале стриптиз. Тогаш е затворен и последниот театар каде се изведувала, а како резултат на обемна кампања на градоначалникот Фјорело Ла Гуардија за чистење на градот од „пороци“. Во доцните 1990-ти, кога Џулијани водеше слична битка, уметниците почнаа да ја ревитализираат бурлеската и да ја претвораат во алатка за самоизразување и општествен коментар. Така таа стана вид перформативна уметност.

Необурлеската, како што почна да се нарекува, сега вклучува и изведувачи чии тела, сексуални идентитети и возраст не се често видени на сцена. Ова уште повеќе важи во случајот со нрдлеската. Речиси цело време во текот на изведбите публиката вреска, и бара повеќе - повеќе „кожа“, играње, забава, и повеќе стриптиз од нивните омилени поп-културни ликови. И сето тоа дур им е дозволено да пушат и пијат.

Наши театри, се слушаме?

21 септември 2017 - 09:56