„Немам ништо. Остатокот им го оставам на сиромашните“

Необични тестаменти

„Никому ништо во наследство не оставам“, пишуваше Борхес во една од неговите мрачни песни додека беше жив. Но други го користат тестаментот за да испратат порака од оној свет, без оглед дали е тоа благодарност, горчина или каење.

„Еве, еден ручек од мене“

Оскаровецот - кореограф и режисер - Боб Фос оставил тестамент според кој 66 негови пријатели и колеги требало да поделат сума од 25,000 долари. Критериумот бил дека сите тие во некој период од животот му помогнале со мали, но многу важни гестови. Со околу 380 долари, колку што добил секој, тие требало да каснат нешто за негова душа. Така, друштвото кое го сочинувале, меѓу другите, Дастин Хофман, Џесика Ланг и Лајза Минели, се собралo во ресторан во Централ парк во Њујорк и ја исполнилo последната желба на нивниот пријател.

„Еве од мене, ништо“

16-вековниот сатиричар Рабле („Гаргантуа и Пантагруел“) оставил тестамент кој се цитира како најкраткиот на свет, а наводно се состои од една реченица: „Немам никаква сопственост, многу должам; остатокот им го оставам на сиромашните“.

„Ви го оставам мојот череп“

Џон „Поп“ Рид неколку децении бил сценски работник во познатиот театар Волнат стрит во Филаделфија. Неговиот необичен тестамент открил колку тој всушност сакал да биде на сцената, aма како актер. Рид побарал по неговата смрт главата да му биде отстранета од телото, а черепот конзервиран и дониран на театарот, како што би бил употребуван како сценски реквизит за Јорик во Хамлет.

Желбата му била исполнета, а слична имал и полскиот композитор Андре Чајковски. Кога умрел во 1982 тој побарал неговиот череп да се донира на Ројал Шекспир компани, каде бил искористен на сцена во изведба на Хамлет од 2008.

„Жена ми да се премажи“

Германскиот поет Хајнрих Хајне оставил многу чудна одредба во неговиот тестамент. Тој се оженил со неговата љубовница во 1841, необразована продавачка по име Кресенс Евгенија Мират, која од непознати причини ја нарекувал Матилда. Биле земени 15 години, а историчарите ја забележале нивната прилично нестабилна врска. Кога во 1840-тите Хајне се разболел (најверојатно од сифилис) бил врзан за креветот, и така ги поминал последните години од животот. Неговата сопруга била постојано до него. Хајне, свесен дека умира, вклучил одредба во тестаментот според која Матилда би ги наследила неговите пари, но само ако се премажи.

Кога пријателите на кои им го соопштил ова го прашале што е работата, тој одговорил - „Затоа што така барем еден маж ќе зажали што сум умрел“.

26 ноември 2016 - 14:33