Има ли достојни ликови од македонската?

Најпопалените мажи во книжевноста

Не се мисли (само) на оние кои имаат најмногу секс, туку и на оние кои најмногу мислат на него. И притоа, барем во книжевноста, тоа главно не е на арно.

1. Нино Сараторе - „Наполитански романи“ од Елена Феранте

„Нино често навлегуваше во долги, многу софистицирани дијалози во кои се обидуваше да ме убеди дека неговата прекумерна желба не е негова вина, туку на природата, на некаква астрономија...“ - вака авторката го опишува мераклискиот карактер на Нино, кој се пали и на сопственото зборување, но не пропушта и физички да ги оствари своите прекумерни апетити.

2. Александар Портној - „Поплаката на Портној“ од Филип Рот

Рот никогаш нема добиено Нобелова за попаленост, но неговиот лик се уште е еден од најславните кога станува збор за младешка еротика. Во еден од антологиските моменти во книжевноста, во книгава имаме момче кое има секс со...јаболко.

3. Елио Перлман - „Викај ме со моето име“ од Андре Асиман

За оние кои го гледале филмот направен според оваа книга, надоврзувањето со претходното е повеќе од јасно - главниот лик во неа измислува и посебен збор apricock (кајсикур) за да ја отслика сочноста на овошјето комбинирана со експлозивноста на неговата летна страст. Додуша сцената во која овие две работи се комбинираат во филмот е со праска...

4. Роб - „Хај фиделити“ од Ник Хорнби

Чудното хоби на Роб е да прави списоци со рангирање на се и сешто, што ги вклучува и жените кои ги познава, заедно со плочи и филмови кои ги сака. Овие работи му се поврзани - доволно му е да му се погоди некој акорд и во моментот да се заљуби во првата што ќе ја види. Неговата попаленост е најмастурбаторна од сите наведени - си ги сака плочите, си ја сака тагата и сопственото (шармантно) лузерство.

5. Ишмаил - „Моби Дик“ од Херман Мелвил

Moжеби појавата на овој лик на списоков е необична, но Ишмаил, морепловец со енциклопедиско знаење за китови, прави долги дигресии за забите од китови, масло од сперма на китови, друго од китови. Толку многу и толку детално, што зазвучува ко сексуална опсесија по нив.

6. Нараторите - „Самоубиства на девиците“ од Џефри Еугенидис

Пубертетските момчиња кои се наратори во овој роман на добитникот на Пулицер се како попален старогрчки хор. Нивната колективна опсесија со петте убави сестри не ги напушта ни кога ќе стапнат во светот на возрасните, со оглед на тоа што девојките од Лисабон се најмистериозните суштества што ги познаваат. Дечките составуваат приказна за нив со читање на нивните дневници и со нивно шпионирање. Така сфаќат дека „девојчињата се всушност прикриени жени“.

7. Дракула од “Дракула“ на Брам Стокер

Најжедниот маж во литературата има хобија кои вклучуваат архитектура, менување облици и претварање на доблесните викторијански дами во сексуални робинки. Да беше овој список не по случаен редослед туку по хиерархија, веројатно тој би го заслужил епитетот нај „хорни“.

8. Членовите на бендот Мотли Кру - „Валкано“ од Мотли Кру

Добро, не се баш книжевни херои. Па сепак мемоарот на овој бенд, напишан од Нил Штраус, од првиот до последниот збор е похотен, со групњаци, дроги и видео ленти. Што би рекол тапанарот Томи Ли: „Она што отсекогаш го сакале луѓето во врска со нас е дека бевме декадентен бенд: можевме да влеземе во просторија и да го вдишеме сиот алкохол, девојки, таблети и неволји одеднаш“.

9. Џаспер - „Направени за љубов“ од Алиса Натинг

Роман за таткото на умирање на главната јунакиња, кој има многу сериозна врска со секс-куклата која му е придружничка. Но Џаспер е друг, поранешен затвореник и комшија на спомнатите, кој е е*бач на делфини. Или барем сака да биде. Колку и да е ова непрактично, неговата фантазија за живот со Бела во големиот аквариум е врела и лигава.

10. Брус Патмен - „Тајните на Слатката долина“ од Франсин Паскал

Главниот лик во книгата вози порше и е класичен мачо тип, кој се смета за таков експерт што почнува да пишува книга со совети за врски. Она што го вклучува во книгата се ред вистински, ред измислени случки, се разбира со многу секс.

Туку...предлог за најпопален машки лик од македонската книжевност?

Извор: The Cut

19 јули 2018 - 12:36