Моvember

Мустаќот е институција

Со блага грижа на совест дека во светот повеќе се крева џева за правата и благосостојбата на жените, денес, на 1. ноември, решивме постов да го посветиме на мажите и нивните мустаќи, а сè за добробит и на друг значаен дел од нивното тело.

Movember (или по нашки Муември) е едномесечна акција за подигнување на свесноста за ракот на простатата и други здравствени и психички проблеми на мажите, за кои тие - бидејќи се големи фраери - обично молчат. Солидарноста со оваа акција се покажува со едномесечно растење мустаќ, во облик и должина која ќе ја одберете. Притоа полот на растачот не е стриктно одреден. Битна е добрата намера.

За да ве инспирираме за ваквата постапка, еве неколку славни автори кои биле горди на нивните фацијални израстоци. Освен со растење брк, можете да сторите и нешто повеќе - тука.

(горе) Артур Конан Дојл и неговиот мустаќ во форма на закачалка.

Оние на Салвадор Дали, кои личат на рогови на бик, само поставени малку подолу.

Густав Флобер, чија „Мадам Бовари" за среќа немаше ваков мустаќ.

Хемингвеј, пред 'папа' фазата со бела брада, со Берт Рејнолдс мустаќи. Всушност поверојатно е актерот да ги ископирал од славниот писател.

Џејмс Џојс и неговата комбинација на брада и мустаќ на прч.

Курт Вонегат - не знам зошто ама нему некако најдобро му стои.

Марк Твен, уште еден лик кој без мустаќите никогаш не би го препознале.

Маркес и неговиот изглед на некој кој сто години е форевералоун.

Врвот - Орвел и мустаќ кој повеќе личи на трага од чоколадно млеко. Џорџ, забриши се!

Да, да, мораше да има и една жена. Добро, Фрида Кало немала навистина мустаќи, ниту пак такви споени веѓи, ама факат делува моќно и некако...машки.

1 ноември 2012 - 08:35