Kуро крај нема: графитот што го шокираше Њујорк

Лоуер ист сајд на Менхетен е познат по живописната уметничка сцена која изнедрила уметници како Баскијат или Пати Смит, и своите жители со слободарски дух. Е, ама и за нив има граници.

На католички Божик на зграда на Брум стрит на Менхетен се случи пенисовидение - џиновски, розов и набрекнат мурал нарачан од уметничка фондација, а изведен од шведската уметница Каролина Фалкхолт. Претходно таа во близина, на улицата Пајк, нацртала огромна, иако малку поастрактна вагина (фото долу).

Фалкхолт изјавила дека пораката на нејзините дела е да не се биде засрамен од сопственото тело, и од тоа кој си како сексуално суштество. „Обично сликам гигантски вагини, но сега почувствував дека е потребен к*р, а ѕидот на Брум стрит беше совршен за тоа. Дискусијата за сексуалното насилство и злоупотреба е се уште табу, а занимавањето со нив во јавен простор е услов за здрав и ненасилен свет“, додала.

Реакциите на жителите на населбата биле измешани, некои се забавувале, но имало и такви кои сметале дека ова е некој вид визуелно сексуално малтретирање и дека не испраќа никаква педагошка порака до децата. Следеле инспектори, реакции на општинските власти, на сопственикот на зградата, од кого не е добиено одобрување за сликање на фасадата. Заради последново само 24 часа по појавата на муралот тој е префарбан.

* По читањето на статијава можно е несвесно да почнете да барате соодветна фасада низ скопски центар. Совет: безецирајте нешто повисоко од пет ката, нашиот да биде поголем.

29 декември 2017 - 10:12