Малку треба, ама кому да му текне

Книги како билети за метро

Ем реклама, ем добро потрошено време дур се клацкате низ градскиот превоз - книги со десет гратис возења, и картичка која потоа може да се надополни или да подари. 

Бразилската статистика вели дека таму се читаат во просек само две книги годишно. Тоа било поттик за бразилскиот издавач L&PM Editores креирал збирка џепни книги кои истовремено служат како карти за метро.

Како што ќе видите во видеото подолу, билетите се поставени од внатрешната страна на корицата. Кога ја приближувате книгата до скенерот во метрото билетот се поништува.

Проектот почнал на Денот на книгата, 23 април минатата година, во Сао Паоло, со раздавање 10,000 вакви книги. Но тој се покажал толку успешен што продолжил и во други бразилски градови. Меѓу насловите има такви од серијата „Пинатс" на Чарлс М. Шулц, „Сто љубовни сонети“ од Неруда, „Големиот Гетсби“, „Уметноста на војувањето“ од Сун Цу, Шерлок Холмс, Хамлет, Агата Кристи и други. Секоја од кориците е инспирирана од мапи на подземни железници. Кампањата доби три награди на меѓународниот фестивал на рекламирање во Кан, во категориите „промо", „дизајн" и „надворешно рекламирање".

Замисливме соодветни наслови за наш контекст - можеби „Големата вода“ од Чинго за лето во автобусите без клима, „Разговори со Спиноза“ од Гоце Смилевски ако на седиштето до вас се погоди пензионер-муабетчија или „Тесна врата“ од Оливера Николова во најголемите гужви. Од странските во истата ситуација „Одисеја“, „Камасутра“ или „Гуливеровите патувања“. 

8 јануари 2016 - 09:51