Kако се менува јазикот на диетата и здравата исхрана

Кога на пазарот излегуваат нови производи и услуги, заедно со тоа понекогаш се случува промена на парадигмата, не само во смисла на состав, дизајн и рекламирање, туку и во јазикот кој се користи за да се зборува за нив.

Минатата година, компанија од областа на здравството, Виом, собрала фонд од 15 милиони долари за финасирање проект - изработка на нов, ефикасен тест за фекалии кој може да се прави и дома. Тој на корисниците им кажува што им се случува во стомакот, за тие да можат да си ја прилагодат исхраната согласно резултатите. Според компанијата, станува збор за користење на најнова технологија за креирање „уникатини молекуларни профили“.

Ова кажува многу за тоа како оваа конкретна фирма, но и голем број нови здравствени компании, ги поттикнуваат луѓето да размислуваат и да зборуваат во врска со исхраната - како за проблем на лична технологија, каде губењето тежина не е искуство кое подразбира ускратување, туку оптимизација. Да се држи диета не е веќе работа на суета, туку на знаење и ефикасност - реторичка промена која има огромни последици по тоа како луѓето мислат за себеси. Додека телата претходно беа идеализирани како лични храмови, сега тие се само уште една алатка со која треба соодветно да се ракува, а тоа ако не се знае, може да се научи - да се оптимизираат нашите перформанси наместо да се внимава на линијата, да се биохакира нашиот екосистем наместо да се јадат салати.

Магичната формула е „да се поттикне вистинскиот телесен потенцијал на секој човек поединечно“, а не да се биде зависен од долгата, псевдоначучна историја на здравата исхрана која промовираше едно решение за сите. Всушност, некаде под комплицираниот жаргон повторно се работи за конвенционални диетални совети, само камуфлирани во јазик кој асоцира на новина и модерност.

А една од најголемите новини е тоа што индустријата на диети, која до скоро ги маргинализираше мажите како небитна потрошувачка ниша, сега се обидува да се маскулинизира. „Родовата контаминација“, појава кога производ или идеја станува толку женска што ги исклучува мажите, е она што ѝ се имаше случено на оваа индустрија, на која тие ѝ беа најлесниот плен. Маскулинизацијата на диеталните производи сега се прави преку идеи како „зголемување на перформансите“ или „долговечност“, а не само преку пораки кои асоцираат на немање сало. Ова истовремено значи и предефинирање на „совршениот“ маж, кој не само што е физички подготвен, туку е и информиран и ангажиран во однос на сопственото здравје. 

Што би рекол Бил Мареј во „Денот на мрмотот“, со полна уста, речиси како него.

31 октомври 2018 - 13:12