Како насловите го менуваат јазикот на новинарството?

Секој којшто се обидел да напише вест знае дека најтешкиот дел може да биде насловот. Тој не само што треба да биде верен на содржината, туку треба и лукаво да привлече. Притоа јазикот толку се извитоперува, што тој веќе не личи на новинарски туку на некој паралелен - насловски. Имаме неколку примери од земјата и странство. 

Во средини со многу поразвиена индустрија на „жолт печат" постои паралелен новински јазик, кого го нарекуваат „насловски" - во случајот со жолта Британија со наслови кои толку ги искривуваат правилата на стандардниот јазик што читањето таков печат би требало да биде забрането за секој којшто се обидува да научи асален англиски.

Ортографијата (начинот на кој се напишани зборовите) се англиски, па тоа дава илузија дека сепак се работи за истиот јазик. Но сето останато е погрешно - редот на зборовите, начинот на примена на граматичките времиња, како и некои зборови. И во класичното новинарство се користат трикови на скратувања и метафори, сето она коешто овозможува оптимум број на зборови во насловот, ни премалку, ни премногу. Но вербалната економија одамна не е единствената грижа на уредниците. Заради јаката конкуренција насловите сега треба по секоја цена да продадат - не заради нивниот стил или вистинитост, туку заради нивната неодоливост, која функционира на ниво на нагон. Граматиката која притоа се искривоколчува е нуспроизвод на таа психологија.

Според анализа на Гардијан, еве ги главните карактеристики на ваквата практика: 

- Членови и посвојни заменки речиси и да не постојат ("Scotland at heart of new fracking deal" наместо "Scotland is at the heart of a new fracking deal")

- Истото важи за сите форми на глаголот "сум", во сите времиња ("Sisters praised for hitting back at sex attackers", излегува дека сестриве да ги силувале напаѓачите бидејќи не е јасно кој е вршител на дејството)

- Минатото време се заменува со сегашно („Тој и тој вели...", за веста да изгледа понепосредно)

- Идното време се заменува со инфинитив ("Muggers to avoid jail sentences" наместо "Muggers will/are going to avoid jail sentences")

- Отсуство на интерпункција и сврзници, што прави насловот да личи на некој чуден список именки ("China Ferrari Sex Orgy Death Crash")

- Запирките особено во САД често го заменуваат сврзникот „и" ("Men Walk on Moon: Astronauts land on plain; collect rocks, plant flag")

- Замена на подолги со пократки зборови, таканаречени thinnernym-и, или зборови- разредувачи, кои го прават насловот попиток но и поповршен (цел список тука)

Сето наведено не е баш применливо во македонски контекст, но некои примери сепак најдовме. Освен генерално интелигентните наслови со кои се гордее нашиот сајт, еве нешто поврзано со горниот, граматички муабет:

Отсуство на сврзници и скратувања со лукава употреба на интерпункција

Отсуство на глаголот „сум" (односно „е")

Но да не испадне дека сме самобендисани и сме ги анализирале само нашите наслови, еве два примера од други сајтови, одбрани затоа што се јин-јангот на локалното новинарство. Едниот епски, тотално вон глобалните напори за скратување, другиот пак екстремно минималистички, речиси како таен код.

 

Но назад до нас, само еден површен поглед на архивата на офф.нет покажува интересна тенденција - дека постојано нешто (се) прашуваме (дури и кога на крајот од насловот нема прашалник). Вака изгледаше сајтот утрово, како од учебник поставувајќи ги класичните новински прашања.


Ако прашања има премногу, наредби пак нема ич, или многу малку. Освен во овој антологиски случај:

5 декември 2014 - 10:15