Како би изгледало кога славни режисери би снимале видеа со рецепти?

На јутјуб каналот #FoodFilms на Дејвид Ма минатата година почна серија видеа во кои упатства за подготвување на вообичаени јадења се спојуваат со специфичен визуелен стил на некој од познатите режисер. До сега има четири, и сите се супер.

Рецепт за успех: „хакни“ ја филмската естетика на Тарантино или на Вес Андерсон, и направи видео за нешто толку обично како што се на пример палачинки. Но притоа има куп работи на кои треба да се внимава - бои, позадини, костими, кадрирање, композиција. Плус добро одбрана музика, која покажува дека и увото на оној кој ги правел видеата е подеднакво тренирано исто како и неговото око.

Подолу видеата инспирирани од Куарон, Беј, Тарајнтино и Андерсон.Тие направија да се прашаме - како би изгледал рецепт на Милчо за салца од домат? А на Александар Поповски за некое балканско благце? На Ѓорче Ставревски за колач со лековити билки? Oh, wait..:)

Aлфонсо Куарон (Хари Потер и затвореникот од Азкабан, Гравитација)

Рецепт за палачинки

Мајкл Беј (Армагедон, Трансформерс)

Рецепт за вафли

Квентин Тарантино

Рецепт за шпагети со ќофтенца

Вес Андерсон

Рецепт за С`мор (печено маршмалоу и слој чоколадо притиснато меѓу два крекера)

17 јули 2018 - 10:45