Миле Кекин

Јазик во уво

Фронтменот на „Хладно пиво" за тоа зошто не пее, а не ни мисли на некој друг јазик освен на неговиот. Твојот јазик е оној на кој сонуваш и на кој пцуеш, оној кого го сакаш, кој и да е тој.

Ме прашува Тајсон, нашиот менаџер, возач, лајтмен, готвач и уште кој знае што, зошто не направиме албум на англиски или барем на германски: „Дај бе Миле, си го студирал тој англискиот. Напиши пар ствари. Било што, само да се римува, па да почнеме малку да свириме по богатите земји, да се тргнеме од Балканот. Да можеме поштено да наплатиме влезница, да продаваме маици. Да работиме. Па погледај какви сè шупци прават турнеи по светот само затоа што дрмаат на англиски".

Знам дека е во право. Да пишувам и да пеам на англиски би ме болело таквото за куповната моќ, на пример, во Сисак. Да пеам на англиски веројатно не би ни знаел каде е Сисак. Мојот менаџер за Југо-источна Европа петнаесет минути пред свирката во рака би ми ставал хартивче на кое фонетски пишува „Деуброу веичеи, хуала и лаки ноуч", и таму локалните медиуми би го пофалиле мојот труд да совладам неколку реченици српски. Јас не би имал време да се чудам на неверојатната коинциденција, затоа што веќе утре би ме чекал концерт во Сингапур.

А јас баш некако се закачив за тој незгоден јазик со премногу „ч" и „ш", јазик на кој се зборува во овие краишта. За работата да биде уште поглупа: јас го научив доста доцна, со некои тринаесет години. До тогаш зборував со некоја накарадна гастарбајтерска комбинација на германски и југословенски, како што тогаш го викавме ја и брат ми, заклучувајќи дека ако во Германија се зборува германски тогаш мора во Југославија да се зборува југословенски. Тогаш се доселивме на Балканот каде научив дека тој е српскохрватски или хрватскосрпски, после тој јазик го нарекоа хрватски или српски, а во 90-тите само хрватски но никако српски. Истакнатите лингвисти заклучија дека тоа се целосно различни но ете многу случни јазици. А кој сум јас да им противречам на експертите.

Јас, ете да скратам, пишувам, зборувам и пеам на јазикот кого го разбираат во овој регион. За жал. Би бил многу побогат да го разбираат Данци или Швеѓани.

Пеам на јазикот на еден доста беден регион, во кој сè почесто наплаќам влезници на невработени и на нивните деца, но не можам поинаку.

А зошто? Пак ме прашува Тајсон.

Затоа што тоа е јазик кого го сакам и на кој се карам. Тоа е јазик на кој најдобро гаѓам.

На него мислам додека сонувам. На него сонувам додека одам. На него ја знам дури и „Оче наш".

И да пцујам к'о кочијаш. Можеби адресата не му е фенси, ама е мој, и е од крв и од месо. Опаа, скоро па песна.

31 март 2012 - 10:20