Јан Мекјуан му помогнал на синот да напише домашна и добил 3+

Имаш писмена работа за книга чиј автор е твојот сопствен татко. Тој ти помага да напишеш што сакал да каже писателот, и за што воопшто се работи во книгата. Излегува дека баш и не е упатен во темата.

МекЈуан, автор на дела преведени и на македонски, како „Амстердам“ и „Искупување“, се обидел да му помогне на синот-средношколец Грег да напише есеј за својата сопствена книга „Трајна љубов“ од 1997, и добил оценка „добар“. Toj вели дека веќе не е сигурен дали учениците би требало да бидат приморувани да ги анализираат неговите книги, бидејќи очигледно, под влијание на нивните професори, тие имаат сосема поинаква слика за она што се случува во книгата.

Последниот роман на МекЈуан, „Јатка“ за кој пишувавме тука, инаку негов седумнаесетти, се одвива во едно богато маало во Лондон, поточно внатре меките ѕидови на една матка. Главен лик е Хамлет, беспомошно уште неродено дете од брак кој полека се распаѓа, заглавен е во мајка која не знае дали воопшто го сака, и со очув кој веќе размислува како да го даде на посвојување.

Ново кај него е и тоа што при крај на мај ќе се одржи премиерата на филм снимен според неговиот роман од 2007, „На плажата Чесил“, за кој тој самиот го има напишано сценариото. Главната улога, по негова желба, ја игра ирската актерка, ѕвезда на „Лејди брд“ и „Бруклин“, Саоирс Ронан.

7 мај 2018 - 18:01