Кротка контроверзност од богати купувачи цица

Јагнето спаси глава?

Се сеќавате на гилотината, јагнето и гласањето за неговото погубување? Епа јагнето изгледа ќе преживее. Или можеби само го смени егзекуторот.

Анонимен купувач од САД наводно ја купил домашно изработената гилотина за 2,3 милиони долари. Портпаролот на двајцата уметници даде кратка изјава дека се работи за „приватен колекционер од САД" кој чул за проектот преку медиумите, и ја купил гилотината „заради уметноста, но можеби и затоа што тоа е начин да се спаси животот на едно јагне". Во прв момент организаторите сакале да почекаат да заврши периодот за гласање а потоа да ги разгледаат понудите за откуп на „делото", но вртоглавата сума од овој понудувач ги расколебала. Страницата на која се гласа за или против егзекуцијата е се уште активна, што можеби се должи на љубопитноста на купувачот за крајниот резултат на анкетата. А можеби па сака самиот да ја изврши „вољата на народот“.

Двајцата уметници во претходно соопштение до медиумите изјавија дека со овој перформанс сакаат „да ја преземат улогата на извршители, жртвувајќи ги сопствените желби и етика за доброто на мнозинството, а станувајќи инструменти на демократијата".

Вестите се поклопуваат со сличен настан - властите во Германија се обидуваат да стопираат перформанс кој вклучува давање на кученца. Неидентификуван уметник „планира да употреби кабли за давање кутриња, следено со кратка медитација и погребна музика", како протест против убивање на кучиња за влечење санки на Аљаска и ловечки кучиња во Шпанија.

7 мај 2012 - 10:45