Слатки филозофски проблеми

Кремпита, значи постојам!

Филозофијата и бизнисот понекогаш се спојуваат на навистина чудни начини. Особено ако сте слаткар, и тоа Грк, кој има продавница на катедрата по филозофија. Како да се ужива во сладолед од јагоди во еден апсурден свет? Како да не ви се распаѓа кремпитата ако сте по Дерида? Просто е - сменете (си) ја филозофијата!

Прашање

Господин доктор!

Јас сум Костас, грчки слаткар со живеалиште во Загреб. Многу години имав тезга кај фудбалски стадион. Уморен од хулигани кои нон-стоп бесни на штандот, минатата година отворив слаткарница на филозофски институт. Да знаев што ме чека, ќе останев на стадионот!

Првиот месец добро, муштериите се малку чудни и бушави, но во ред. Тогаш почна. Сите почнаа да се жалат на моите колачи! Го проверив фрижидерот, сладоледот и кремпитата, сè е добро, а тие се жалат и сакаат да ме затворат. Јас мислам тие не сакаат Костас од првиот ден, затоа што ги потсеќам на голема грчка филозофска традиција, додека хрватската филозофија има само шака мрчатори кои се бањаат на Корчула. Но добро. Јас направив список на филозофи и со која филозофија тие се бават, па вие видете дали е проблем Костас или е проблем филозофијата.

Првиот кој се жалеше, штом ќе купеше топче сладолед, одма му се топеше. Штом го зема корнетот, за минута целиот сладолед стопен по негова рака! Тој го сака Хераклит.

Вториот се жалеше дека дното од кремпитите стално му се распаѓа штом ќе ја допре со вилушка. Тој го проучува Дерида.

На еден па сериозно му отече јазикот додека лижеше сладолед. Докторирал на Витгенштајн.

Четврт се жали дека јаде 'мус' и никако да престане. Качил пет кила за една недела! Темата на неговиот труд е Ками.

На крај некоја филозофка има проблем со варењето и болка во црево од мој сладолед. Таа чита феминизам.

Да не набројувам уште: демокритовец кој мисли дека моите колачи се празнина, платонист за кој мојот сладолед не е ни сенка на „Чоко-моко" итн. Единствен кој ме брани е оној што го предава Докинс и вели дека имам сладолед за богови! Останатите велат: катстрофа. Уште сакаат да им ги платам болничките трошоци. Има добра хрватска изрека: како да не!

Филозофијата низ вековите секогаш ги менува и загрижува луѓето а сладоледот останал секогаш ист, извор на ќеф и радост. Како тогаш мојот сладолед може да им штети на луѓето? А филозофијата не? Ако вие кажете да затворам, ќе затворам. Ама сите знаеме кој е крив за овој сладок скандал.

Одговор

Почитуван г-дин Костас!

Во врска со вашиот проблем морам веднаш да се ставам на ваша страна. Еден филозоф, Кјеркегор, финско-дански господин, поставил убава дијагноза: филозофскиот разум, вели тој, е болест која во секој случај завршува со смрт. Оттаму може да се каже дека од самиот почеток вие всушност работите во здравствена установа чии пациенти страдаат од големи проблеми, и затоа имаат поинаков склоп од другите луѓе.

Во што е конкретниот проблем? Современите филозофи страдаат од заедничко чувство на апсурд, краен несклад помеѓу желбата да се објасни светот и фактот дека светот е целосно необјаснив. Со оглед на тоа дека филозофите не се образувале во области каде би можеле да го објаснат светот и патем и да им помогнат на луѓето (како во некои области на медицината), тие имаат развиено меланхолично чувство на апсурд.

Каква врска има тоа со сладоледот, прашувате? Очигледно, губејќи ја детската наивност и енергија да се објасни светот, филозофите западнале во болникава состојба која им пречи вистински да уживаат во слатките продукти. Како да се ужива во сладолед од јагода во еден апсурден свет? Да не ги споменуваме и компликациите кај проучувачите на одредени филозофи: хераклитовец кој смета дека оганот е основна материја го топи сладоледот, кремпитата на љубителот на Дерида е деконструирана, камиевецот не може да ја доврши сизифовската работа на јадење мус итн. Заради такви епистемолошки проблеми при јадење колачи, мојата ординација сè повеќе се полни, со доаѓањето на топлото време!

Како можете да го спасите вашиот бизнис? Треба да целите на филозофи кои немаат такви проблеми со јадење колачи. Тој со Докинс веќе ве сака, па вие држете се до сите оние филозофи кои имаат изградено филозофски систем на објаснување на светот. Марксисти, платонисти, хегелијанци...тое се сè филозофи кои добро ја објаснуваат суштината на светот и не страдаат од чувство на апсурд. Тие мирни души уживаат во слатките магии.

Исто така, пронајдете ги филозофите на телото и набавите им сладолед. Застапниците на Мерло-Поинти велат дека човечките доживувања треба да се вратат од умот назад кон телото. Таквите филозофи сакаат фино, телесно уживање, какво што може да им пружи слаткарницата.

Многу среќа во водењето на бизнисот. Кога ќе дојдам некогаш во посета на здравствениот институт, секако ќе навратам на топче страчатела!

Др. Остојиќ

9 мај 2012 - 08:20