Дигитални феномени што предат

Изложба посветена на интернет мачките во Њујорк

Eден од интернет феномените кои ќе останат после нас, како материјал за идните дигитални археолози, се мачките на интернет. Од LOL мачките, преку „мачката-мрчатор" до Caturday, еден музеј од Њујорк сега им посветува ретроспективна изложба.

„Музејот на подвижните слики" во Квинс, Њујорк, е институција посветена на филм, телевизија и дитигална уметност. Во него оваа недела се отвара изложба под наслов „Како мачките го преземаа интернет", која содржи видеа со мачки, GIF-ови со мачки, слики со мачки, накратко секакви дигитални производи генерирани од корисниците на интернет, постирани по социјалните мрежи и масовно преземани од различни сајтови, на кои има...мачки.

„Колективната интернет опсесија со мачки нуди можност да се разбереме себеси", вели кураторот за дигитални медиуми на Музејот, Џејсон Епинк. „Изложбата ги истражува причините за овој навидум банален феномен и ги акцентира новите начини на кои создаваме, конзумираме и споделуваме култура". Како извор на материјал за изложбата тој „копал" по Рeдит, Јутјуб, Базфид, Тамблер и Инстаграм.

Мачките прикажани на изложбата се главно антропоморфни верзии на припитомените четвороножни животни, парадоксално познати баш по тоа што не го рецкаат човекот - тие во видеата на пример гледаат телевизија, свират пијано, дури и одат во (човечко) ВЦ. Ова секако не е нов феномен во митологијата и уметноста (се сеќавате на бајката „Мачорот во чизми"?). Во 1870 година британскиот фотограф Хари Поинтер направил серија под наслов „Мачките од Брајтон", каде крзнените субјекти позирале додека се занимавале со човечки активности, како возење ролшули или точак. И тие ќе бидат дел од изложбата како ЛОЛ-мачки на 19. век.

А про по антропоморфизам, еве едно клипче кое ќе се најде во континуираното видео кое ќе се прикажува на изложбата - две мачки што како тетки си прават муабет

И еден gif, колку да се знае колку мачки има на интернет

5 август 2015 - 21:57